Risteski, Sanja (2021) "Reborn" - Manassini. [Video]
Video
video-1632130436 (1).mp4 Download (3MB) |
Abstract
Модата е дел од културата, таа се презентира преку облеката, накитот, уредувањето, уметничките предмети итн. Но, таа во никој случај не претставува само надворешен украс на човековото битие, туку се појавува како засебен облик на одредено однесување. Денес модата, претставена преку разработен, конструран и реализан дизајн на модел чија инспирација може да е далбоко вкоренета низ минатото и вековите е своевиден глас на личноста и нејзина презентација во современиот свет.
Смелите модни решенија насловени како "Reborn" - Manassini доцент д-р Сања Ристески ги претставува преку инвентивни и внимателно осмислени кроеви, изработени од памучни материјали комбинирани со стаен и тафт, збогатувајќи со својот „личен печат“, а тоа се рачно изработените везови. Заокружување на облеката е модниот додаток, очила со атипична и минималистички издолжена форма со футуристички дизајн кој совршено се вклопува со традиционалната фризура - плетенка.
Самите модели се спој на минатото и иднината кои се среќаваат во една модерна сегашност во која жената е доминација.
Идејата на авторот е преку видеото да се долови женственоста, уникатноста и доминацијата на жената како неисцрпен извор на инспирација.
Видеото беше наравено како дел од проектот „Културното наследство низ призмата на ликовната дејност“, каде авторот ја претстави својата оргиналност преку видео приказна и разработени модели на облека.
Главната цел на овој проект е поттикнување на иницијативата до сите граѓани во превземање на активно учество за одржување, вреднување, промоција и негување на културното наследство.
Item Type: | Video |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Materials engineering |
Divisions: | Faculty of Technology |
Depositing User: | Sanja Spasova |
Date Deposited: | 21 Sep 2021 09:11 |
Last Modified: | 21 Sep 2021 09:11 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28473 |
Actions (login required)
View Item |