Клинички каректеристики и тераписки аспект на дентална флуороза

Longurova, Natasa and Kovacevska, Ivona and Naskova, Sanja (2021) Клинички каректеристики и тераписки аспект на дентална флуороза. Knowledge - International Journal Scientific Papers, 45.4. ISSN 2545-4439 1857-923X (In Press)

[thumbnail of CLINICAL FEATURES AND THERAPEUTIC ASPECT OF DENTAL FLUOROSIS-1.pdf] Text
CLINICAL FEATURES AND THERAPEUTIC ASPECT OF DENTAL FLUOROSIS-1.pdf

Download (419kB)

Abstract

Денталната флуороза претставува честа болест,која предизвикува дефект на емајлот на забите, поради зголемен внес на флуор за време на формирање на забите. Етиологијата на флуорозата е поврзана со повеќе фактори, од кои како најчести издвоени се: водата за пиење, денталните производи и храната. Покрај важноста на концентрацијата на флуор во било кој од овие извори, од големо значење се и индивидуалните фактори како што се: начинот на живот, полот, навиките во исхраната, навики за оралната хигиена. Сепак од сите овие наведени извори луѓето најмногу се изложени на флуориди од водата за пиење. Исто така флуоридите во организмот се внесуваат со конзумирање на млеко, сол или таблети на база на флуор.Клинички, во зависнот од тежината на болеста, за која да се одреди степенот постојат неколку класификации, денталната флуороза се манифестира со појава на заматеност на емајлот, хипоминерализација, појава на кредасто бели дамки, кои кај потешките случаи на дентална флороза може да имаат и светло-кафеава, темно-кафеава до црна боја. Исто така, бидејќи забот има висок степен на порозност, кај потешките случаи на дентална флуороза може да дојде до појава на јамички на површината на емајлот.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Natasa Longurova
Date Deposited: 15 Sep 2021 11:17
Last Modified: 15 Sep 2021 11:17
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28457

Actions (login required)

View Item View Item