Предвидување на хумана фармакокинетика на коњугирани моноклонални антитела преку компјутерско моделирање на фармакокинетика од анимални модели

Rustemi, Zana (2021) Предвидување на хумана фармакокинетика на коњугирани моноклонални антитела преку компјутерско моделирање на фармакокинетика од анимални модели. Doctoral thesis, Faculty of Medical Sciences, Goce Delcev University - Stip.

[thumbnail of Doctoral Thesis] Text (Doctoral Thesis)
ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈА - м-р Зана Рустеми .pdf - Published Version

Download (5MB)

Abstract

Анималните модели во фармакокинетичката / фармакодинамичката (PK / PD) проценка на конјугираните антитела играат важна улога во претклиничките проценки на новите радиофармацевтски препарати, во оптимизирање на дозирањето за оние кои се клинички одобрени и поставување или потврдување оние кои се во фаза на развој.
Разбирањето на фармакокинетиката и биодистрибуцијата на конјугираните антитела е еден од критичните чекори за овозможување на нивен успешен развој и употреба. Нивната комплексна структура бара воведување на повеќе биоаналитички методи за дефинирање на нивната структура, стабилност, однесување и судбина на двете компоненти in vivo.
Соодветните аналитички методи треба да обезбедат увид во полуживотот и стабилноста во крвта по апликацијата, биодистрибуција во телото, врзување за специфичен рецептор, време и стабилност на врзувањето и присуство на фрагменти како резултат на нивно уништување.
Во нашата работа, ние бевме фокусирани на методот за добивање на конјугирани антитела (со користење на ритуксимаб), како и употребата на методот HPLC за нивна идентификација во серумските примероци по интравенска администрација. Трудот ни ги дава првите индикации како добиените експериментални податоци можат да се користат во компјутерска симулација на фармакокинетско однесување на истите имуноконјугати, да се карактеризираат во биолошки матрици и да се дискутираат за техничките предизвици и ограничувања
Ритуксимаб (Mabthera®) е анти-CD20 моноклонално антитело што покажа ефикасност кај пациенти со разни лимфоидни малигни заболувања, вклучувајќи индолентни и агресивни форми на не-Хочкинов лимфом на Б-клетки (NHL) и хронична лимфоцитна леукемија на Б-клетки (CLL) . Со цел да се подобри терапевтскиот ефект на моноклоналните антитела (mAbs), беше воведен изотоп кој преку специфичен лиганд беше врзан за mAb. За таа цел претходно беше воведена конјугација со хелатна група (p-SCN-Bn-1B4M-DTPA) во протеинскиот ланец.
За фармакокинетичката / фармакодинамичката (PK / PD) проценка на конјугираните антитела користевме компјутерско моделирање може да го оптимизираме дизајнот на клинички испитувања, да се направи проценка на дозата и режимот на потенцијално користење во клинички студии, како и да да помогне во проценка на механизмот на дејство кај луѓето. Преку воведување на компјутерско моделирање може да се предвиди и ефектот во одредени под- популации и подобро да се предвидат можните интеракции.
Сите овие испитувања може да доведат до поефикасен процес на развој на нови лекови, поефикасен третман на болести и персонализирана таргет терапија преку процесот на транслација на податоци од предклинички студии.
Од тие причини, пред-клиничките испитувања на животински модели остануваат клучна почетна точка за понатамошни клинички испитувања и се фундаментално значење за разбирање на фармакологија на болести и нови лекови и се од голема помош за предвидување на најсоодветна терапија преку користење на соодветни софтверски програми и предвидување на клинички третман, посебно со биолошки лекови.

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Health biotechnology
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Emilija Janevik
Date Deposited: 14 Sep 2021 09:34
Last Modified: 14 Sep 2021 09:34
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28452

Actions (login required)

View Item View Item