Veta Buralieva, Jasmina and Buralieva, Elica (2021) Некои недостатоци на адаптираната наставна програма од 2015 и 2016 година во основно образование по предметот математика за темата броеви. In: Петти семинар „Математика и примени“, 5-6 March 2021, Skopje.
Full text not available from this repository.Abstract
Математиката како еден од основните предмети во образованието игра главна улога во понатамошното разбирање, логичко толкување и решавање различни математички проблеми, но и општо во различни практични ситуации во животот. За учениците да ги разберат и научат основните математички поими и операции, покрај стручниот кадар - наставникот, потребен е ѝ добар, концизен и јасен учебник, кој како
нивен водач е адаптиран за нивото на самите ученици. Од долгогодишната директна инволвираност на еден од авторите во основното образование, увидени се многу недостатоци во сегашните учебници кои се користат по предметот математика. Како резултат на овие недостатоци се појавуваат одредени дилеми и збунетост кај голем дел од учениците, па дури и кај оние кои се талентирани за математика. Кај дел од нив, тие се провлекуваат и во понатамошното нивно образование, кои се забележуваат дури и во високото образование.
Инспирирани од ова, направивме истражување за пристапот кон темата броеви и операциите со нив, во учебниците по предметот математика според адаптираната наставна програма од Cambridge International examination center (која популарно се нарекува „Кембриџ програма“), и него го споредивме со оној во дел од учебниците кои се
користеле во некои од претходните програми во основното образование. Притоа, заклучивме дека оваа тема според Кембриџ програмата има доста пропусти, во однос на претходните програми, па ние се фокусиравме кон неколку клучни и суштински работи: отсуството на потребата за дефинирање на множеството на целите и на рационалните броеви; конфузните пристапи кон некои основни операции во множествата на природни, цели и рационални броеви, како и отсуството на математички пристап кон одредени операции. За секој воочен недостаток, ќе дадеме наше размислување за тоа
како сметаме дека би требало да биде запишано, со цел материјата да биде математички попрецизна, а со тоа и појасна и поразбирлива.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Matematics |
Divisions: | Faculty of Computer Science |
Depositing User: | Jasmina Veta Buralieva |
Date Deposited: | 13 Sep 2021 10:18 |
Last Modified: | 13 Sep 2021 10:18 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28450 |
Actions (login required)
View Item |