Интелигентни електронски компоненти и уреди

Stefanov, Goce (2021) Интелигентни електронски компоненти и уреди. University Goce Delcev Stip. ISBN 978-608-244-801-5

Full text not available from this repository.

Abstract

Во електрониката за високо софистфицираните електронски компоненти микропроцесорот и микрокомпјутерот се користи терминот интелигентни електронски компоненти. Микропроцесорот и микрокомпјутерот се интегрирани кола, производ на микроелектрониката, кои имаат најголем број на транзистори од сите други интегрирани кола. На пазарот се среќаваат уреди во кои нивни основни компоненти се микропроцесорот и микрокомпјутерот и затоа за овие уреди се користи терминологијата интелигентни уреди. Такви се уредите за широка апликација: персоналниот компјутер, фиксни и мобилни телефони, вградени електронски уреди во секоја електрична машина за широка потрошувачка (машини за перење, фрижидери, итн.), како и уреди наменети за индустријата: преобразувачи на напон и струја, мерни процесни електронски системи, конвертори на сигнали итн. Од денешното производство на електрониката преку 85% отпаѓа на овие микропроцесорски базирани уреди.
Учебникот „Интелигентни електронски компоненети и уреди“, е наменет за изучување на наставното градиво по предметите микропроцесорски системи и микрокомпјутери и програмабилни контролери на студентите од четврта година на Електротехничкиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“. Делови од материјата во учебникот, може да ја користат и студентите кои го изучуваат предметот мехатроника на студиските програми на Електротехничкиот и Машинскиот факултет. Материјата е концепирана согласно материјалот кој студентите го слушаат на часовите по предавања по овие предмети.
Книгата се состои од шест тематски дела. Првиот дел е воведен и со него студентите се запознаваат со основите на интелигентните електронски компоненети и уреди микропроцесорите и микрокомпјутерите, нивниот развој, историја, основна архитектура.
Во вториот дел е даден преглед на архитектурата на интелигентна електронска компоненета. Направена е анализа на нивната архитектура, пински дијаграм, мемориски и периферен простор.
Во третиот дел се проучува микропроцесорот како прва интелигентна електронска компоненета. Акцентирани се основните предности и карактеристики на микропроцесорот во однос на дискретните интегрирани кола.
Во четвртиот дел се разгледуват микрокомпјутерите. Тие се најсофистифицираните електронски компоненти со највисок степен на интеграција. Анализирани се карактеристиките на микрокомпјутерите кои ги праваат овие интелигентни компоненти супериорни во однос на микропроцесорите.
Во петтиот дел се дадени принципите на програмирање на интелигентните електронски компоненети. Се проучува асемблер јазикот како најблизок до машинскиот јазик. Овде се проучува и микро С, како јазик од повисоко ниво кој зема значајно место во инженерскиот дизајн на интелигентните компоненети.
Во шестиот дел се анализираат уреди кои се базираат на интелигентните компоненети. За овие уреди се користи терминологијата интелигентни уреди. Овде се проучени специфичноста на овие уреди од аспект на хардверот и софтверот. Дадени се конкретни решенија на интелигентни електронски уреди кои се реално практично применливи.
Авторот се надева дека овој учебник ќе ја исполни својата намена и ќе им помогне на студентите за нивно полесно совладување на материјалот по предметите Микропроцесорски системи, Микрокомпјутери и ПЛК, како и Мехатроника.
Овде користам прилика да се заблагодарам на колегите и студентите од Електротехничкиот факултет, како и на рецензентите на учебникот за нивните забелешки, совети и сугестии во насока на подобрување на квалитетот и содржината на материјалот.

Item Type: Book
Subjects: Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Goce Stefanov
Date Deposited: 10 Sep 2021 11:20
Last Modified: 10 Sep 2021 11:20
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28428

Actions (login required)

View Item View Item