Пристапност во туризмот: патувања на лицата со попреченост

Metodijeski, Dejan and Filiposki, Oliver and Keskinova, Angelka and Dzambazovski, Kristijan and Taleska, Milena and Todorovic, Emilija and Dimovski, Cedomir and Micevski, Mladen and Mitreva, Elizabeta (2021) Пристапност во туризмот: патувања на лицата со попреченост. Туристика, Скопје. ISBN 978-608-4872-09-2

[thumbnail of Binder2.pdf] Text
Binder2.pdf

Download (345kB)

Abstract

Книгата „Пристапност во туризмот: патувања на лицата со попреченост“ е наменета за сите кои работат во секторот угостителство и туризам, за академската јавност, студентите, учениците, истражувачите, заинтересираните страни од приватниот, јавниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се поврзани со организацијата на туристички активности. Книгата е изготвена со цел да се збогати постоечката литература поврзана со проблематиката на пристапноста во туризмот од аспект на лицата со попреченост.
Материјалот во книгата е поделен во три основни поглавја. Во првиот дел е опфатен материјалот кој се однесува на современите аспекти на туризмот, карактеристиките на туризмот, како и регионалната дистрибуција на светскиот туризам. Исто така, обработен е материјалот поврзан со современите тенденции и влијанието на COVID-19 во туризмот.
Во вториот дел се разгледува пристапноста во туризмот. Се обработува материја поврзана со дефинирање и анализа на различни аспекти на пристапноста во туризмот, организацијата на патувањата, туристичката политика, туристичките водичи, понудата, профилот на побарувачката и сл. Исто така, посветен е дел на пристапност на објектите во туризмот и угостителството, како: ресторани и сектор храна и пијалаци, хотели и сектор сместување, пристапни дестинации, транспорт, тематски паркови, објекти на културата, настани, спорт, бродови за крстарење и плажи.
Третиот дел е посветен на меѓународните практики поврзани со пристапноста во туризмот. Во овој дел се обработува материјалот поврзан со пристапноста и туризмот во светот, како и активностите на Светска Туристичка Организација на ова поле. Исто така, се обработуваат и Европските практики на пристапност во туризмот, каде се дадени примери од развиени туристички земи како: Германија, Чешка, Словенија, Португалија и Англија.
Во книгата покрај меѓународните искуства опфатени се аспекти на пристапноста и туризмот во Македонија. Дадени се успешни примери и практики, како и проекти од секторот угостителство и туризам во земјата кои одат во прилог на подобрување на пристапноста во туризмот во земјата.
Во изработката на книгата користена е соодветна стручна литература и релевантни интернет извори од областа на пристапноста во туризмот. Имајќи предвид дека ова е прво издание на книгата, можеби сме пропуштиле некои важни елементи поврзани со пристапност во туризмот и патувањата на лицата со попреченост. За сите забелешки, мислења и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на второто дополнето и проширено издание. Исто така, искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на неопходните материјали за комплетирање на книгата, како и на рецензентите за укажаните искрени и конструктивни сугестии.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Oliver Filiposki
Date Deposited: 25 Aug 2021 10:33
Last Modified: 25 Aug 2021 10:33
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28355

Actions (login required)

View Item View Item