Metodijeski, Dejan and Grozdanovski, Goran and Filiposki, Oliver and Gjorgieva, Ivana and Nacov, Aleksandar and Trajcevska, Renata and Stevanovik, Petar and Djingarska, Marija (2021) Користење на остатоци и отпадоци од храна во готварството. Туристика, Скопје. ISBN 978-608-4872-08-5
Text
Binder1.pdf Download (1MB) |
Abstract
Книгата „Користење на остатоци и отпадоци од храна во готварството“ е наменета за сите кои работат во секторот угостителство и туризам, за академската јавност, студентите, учениците, истражувачите, заинтересираните страни од приватниот, јавниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се поврзани со подготовката на храна. Книгата е изготвена со цел да се збогати постоечката литература поврзана со проблематиката на правилно користење на остатоци и отпадоци од храна во домашното и професионалното готвење.
Идејата за изработка на оваа книга произлегува од вклученоста на авторите во проектот „Zéro Gaspillage – pour une production et une consommation responsables en ECO“, каде координатор на проектните активности беше проф. д-р Снежана Петрова од Филолошкиот факултет при УКИМ. Проектот беше реализиран во 2020 година и поддржан од страна на Agence universitaire de la Francophonie (AUF).
Материјалот во книгата е поделен во две основни поглавја. Во првиот дел е опфатена материјата кој се однесува на меѓународните искуства поврзани со користење на остатоци и отпадоци од храна. Во материјалот се дадени успешни примери и практики, како и проекти кои одат во прилог на зголемување на свеста за правилното користење на остатоци и отпадоци од храна. Во овој дел, исто така се опфатени аспекти на еколошкото значење на отпадот од храна. Се обработуваат аспекти поврзани со третманот на отпад од храна во различни земји ширум светот. Посветен е дел и на понатамошното користење на остатоци и отпадоци од храна како правење на компост, замрзнување и козметика.
Вториот дел од книгата, насловен како „Рецепти за готвење со остатоци и отпадоци од храна“ има за цел да претстави рецепти кои можат да се користат како во домашното готвење, така и во професионалните угостителски објекти. Овие рецепти содржат насоки на користење на остатоци и отпадоци од храна во готварството. За потребите на книгата, авторите предлагаат 54 избрани рецепти, презентирани на унифициран начин, од јадења со месо; јадења со останати растителни и животински намирници; јадења со риба и морски плодови; супи, чорби и потажи; салати и десерти.
Во изработката на книгата користена е соодветна стручна литература, публикации, прирачници и релевантни интернет извори кои ги третираат отпадоците од храна, готварството и гастрономијата. Имајќи предвид дека ова е прво издание на книгата, можеби сме пропуштиле некои важни елементи поврзани со правилното користење на остатоци и отпадоци од храна во готварството. За сите забелешки, мислења и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на второто дополнето и проширено издание. Исто така, искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на неопходните материјали за комплетирање на книгата, како и на рецензентите за укажаните искрени и конструктивни сугестии.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Oliver Filiposki |
Date Deposited: | 25 Aug 2021 10:33 |
Last Modified: | 25 Aug 2021 10:33 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28354 |
Actions (login required)
View Item |