Трета меѓународна конференција за бизнис, економија и финансии (ICBEF): Економски и социјални импликации од КОВИД-19, предизвици и предлози за надминување

Gorgieva-Trajkovska, Olivera and Miteva-Kacarski, Emilija and Dimitrova, Janka and Georgieva Svrtinov, Vesna and Gaber, Stevan and Gruevski, Ilija and Koleva, Blagica and Gogova Samonikov, Marija and Veselinova, Elena and Lazarov, Darko and Bezovski, Zlatko and Mitreva, Mila (2021) Трета меѓународна конференција за бизнис, економија и финансии (ICBEF): Економски и социјални импликации од КОВИД-19, предизвици и предлози за надминување. [Project]

[thumbnail of Трета меѓународна конференција за бизнис, економија и финансии ICBEF] Text (Трета меѓународна конференција за бизнис, економија и финансии ICBEF)
Journal of Economics Special Issue.pdf - Published Version

Download (275kB)

Abstract

Економскиот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип беше домаќин на Tретата меѓународна научно-стручна конференција со наслов „Економски и социјални импликации од Ковид-19, предизвици и предлози за надминување“, која се одржа online, на 28 и 29.06.2021 година.
Несомнено е влијанието на глобалната пандемија како последица на вирусот Ковид-19 врз глобалната економија. Целокупната глобална економска активност, слабите финансиски меѓународни трансакциии, новонастанатото макроекономско опкружување го иницира прашањето за подетална анализа на предизвиците со кои е соочен светот, како и политиките и стратегиите кои треба да се превземат за стабилизирање на економијата. Социјалното дистанцирање, изолацијата, како и ограничувањата кои беа наметнати врз основните секојдневни човекови активности, предизвикаа намалување на работните места и ги зголемија трошоците на живот, како резултат на намаленaта економска активност и ограниченото движење. Интензитетот на овие рестрикции предизвикаа промена на социјалното и економското однесување на многубројните економски учесници.
Конференцијата беше организирана како форум на едукатори, истражувачи и практичари, со цел презентирање и дискусии поврзани со последните случувања предизвикани од КОВИД пандемијата, економските и социјални влијанија и последици од оваа криза, како и прашањата поврзани со начинот на економско закрепнување.
Согласно одлука бр. 1202-58/3 од 10.03.2021 година, конференцијата е организирана online во рамки на научно-истражувачки проект на Економски факултет, со раководител проф.д-р Оливера Ѓоргиева-Трајковска.

Item Type: Project
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Emilija Miteva
Date Deposited: 24 Aug 2021 06:56
Last Modified: 24 Aug 2021 06:56
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28347

Actions (login required)

View Item View Item