Gligorievski, Antonio (2016) Компјутеризирана томографија за радиолошки технолози. Antonio Gligorievski i Green puls, Skopje.
![Компјутеризирана томографија за радиолошки технолози.pdf [thumbnail of Компјутеризирана томографија за радиолошки технолози.pdf]](https://eprints.ugd.edu.mk/style/images/fileicons/text.png)
Компјутеризирана томографија за радиолошки технолози.pdf - Published Version
Download (6MB)
Abstract
Книгата се состои од 24 поглавја на вкупно 147 страници. Веднаш после воведот изнесени се основните физички принципи на рендгенските зраци, бидејки абсорпцијата на ртг. зраците е од особена важност за компјутризираната томографија (CT). Објаснета е конвенционалната, линеарна томографија како претходник на CT. Дадени се историските податоци во развојот на CT и првиот апарат за CT. Наведени се принципите за CT, започнувајки од геометријата на снопот, слабеењето на снопот, широчината на пресекот, детекторите на ртг. зраците, основните параметри и протокол на снимање. Објаснето е секвенционалното и спирално скенирање и добивање на слика со реконструкција и прикажана е градбата на новите повеќеслојни скенери. Објаснето е што претставува pixel, што е voxel, што претставува дензитетот и како се одредува. Објаснета е градбата на апаратот за CT. Изнесено е како се добиваат сигналите и обработката на податоците, како се добива CT слика, што е CT број, што е мрежа или матрикс на податоци, што е прозорец (windowing) и негово одредување на CT сликата. Објаснет е начинот на довбивање на CT слика, реконструкцијата со помош на пост процесинг. Прикажан е системот за CT и факторите од кои зависи квалитетот на CT сликата (шум, резолуција, контраст). Најчести артефакти на CT сликата и зошто се јавуваат. Прикажани се сите пет генерации на CT скенери и во што се состои разликата меѓу нив. Објаснети се основните принципи на работа со CT скенерот и користењето на тастатурата, глушецот, користење на работните прозорци и контролни кутии, како и картите со задачи, менија и алатки како дел од совтферскоот пакет кој го поседува секој CT скенер. Објаснет е протоколот на работа со CT скенерот од вклучување па се до исклучување на системот. Објаснет е потоколот за CT снимање на сите делови и органи од човечкото тело, индикациите за прегледот, како и предностите и недостатоците од прегледот. Сето тоа на едноставен и разбирлив начин за студентите.
Item Type: | Other |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Antonio Gligorievski |
Date Deposited: | 16 Aug 2021 08:59 |
Last Modified: | 16 Aug 2021 08:59 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28306 |