Mojsov, Kiro (2021) Екологија во прехранбената технологија. Универзитет „Гоце Делчев” - Штип, Технолошко-технички факултет. ISBN 978-608-244-795-7
Full text not available from this repository. (Request a copy)Abstract
Потребата за изработка на учебникот „Екологија во прехранбената технологија“ е голема,
пред сè, за студентите на Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце
Делчев“ во Штип кои према наставниот план го слушаат предметот „Екологија во
прехранбената технологија“ во прва година на насоката за Прехранбена технологија за да
може да добијат знаења за најважните еколошки аспекти во прехранбената технологија.
Учебникот исто така, може да ги задоволи и потребите на сите студенти од други
факултети, како и студенти од втор и трет циклус на студии кои имаат потреба од подетални
знаења неопходни за развој на сите подрачја на Екологија во прехранбената технологија.
Посебно ќе бидам задоволен ако колегите од прехранбената индустријата во овој учебник
најдат податоци и теоретски објаснувања кои можат да им послужат во секојдневната
практика.
Во учебникот обработени се основните поими во екологијата, животната средина,
загадување и заштита на животната средина, еколошки аспекти во производството на
храна, хигиената на млеко, месо, масло, јајца, риба, брашно и нивни производи, овошје и
зеленчук и нивни производи и др., суровините и нивното чување, обработка и добивање на
храна, пакување, декларација, складирање и транспорт на храната до трговската мрежа.
Преку материјата во овој учебник студентите ќе се запознаат не само со основните
принципи и постапки на екологијата во прехранбената технологија, одделно, туку и со
начинот на размислување, логиката и терминологијата во оваа област. Целта е студентите
да стекнат знаење за работа во индустриски услови како и да научат да користат
литература од оваа област.
При составување на овој учебник користени се познати учебници, практикуми и друга
литература. Освен со литература авторот се користел и со сопствени податоци и резултати
од повеќегодишното работење во маслодајната индустрија (фабрика за масло „Благој
Ѓорев“- Велес).
Им изразувам посебна благодарност на рецензентите на учебникот, проф. д-р Дарко
Андроников и проф. д-р Петар Егуменовски, за укажаните сугестии кои ми помогнаа во
оформувањето и дополнувањето на скриптата.
Сите сугестии и забелешки за дополнување и поправка на овој учебник ќе бидат со
задоволство примени, како би било подобрено наредното издание.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Environmental biotechnology |
Divisions: | Faculty of Technology |
Depositing User: | Kiro Mojsov |
Date Deposited: | 10 Aug 2021 08:07 |
Last Modified: | 10 Aug 2021 08:07 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28304 |
Actions (login required)
View Item |