Развивање на ученичка автономија

Daskalovska, Nina and Hadzi-Nikolova, Adrijana (2021) Развивање на ученичка автономија. Knowledge – International Journal, 46 (2). pp. 255-260. ISSN 2545-4439

[thumbnail of Развивање на ученичка автономија.pdf] Text
Развивање на ученичка автономија.pdf - Published Version

Download (1MB)

Abstract

Примената на комуникативните приоди во наставата по странски јазици наместо традиционалните методи доведе до многу промени во училницата. За разлика од традиционалните методи каде што наставникот ја има централната улога, го предава новиот материјал и ги дава сите објаснувања, а учениците се пасивни чинители, во современите методи на учење и поучување учениците ја имаат централната улога. Од нив се очекува активно да учествуваат во сите фази од наставниот процес, да преземаат одговорност за своето учење, да користат стратегии кои ќе им помогнат да постигнат подобри резултати, да го следат својот напредок и да бидат способни сами да го евалуираат своето знаење. Овие промени во наставата по странски јазици доведе до сé почеста употреба на терминот ученичка автономија. Голем број експерти истакнуваат дека една од целите на наставата е да се поттикнуваат учениците да бидат посамостојни во процесот на учење и да не зависат постојано од наставникот, да развиваат капацитети за критичко размислување, правење сопствени избори и донесување одлуки. На тој начин, не само што ќе учат поефикасно во училницата, тие ќе бидат способни да го дополнуваат учењето во училница со учење надвор од училницата и ќе развијат вештини за самостојно учење и по завршувањето на формалното образование. Бидејќи тоа е долготраен процес, наставниците треба да им помогнат на учениците постепено да се оттргнуваат од зависноста од наставникот и да развиваат вештини за самостојно учење. Целта на овој труд е да се елаборира важноста на развивањето на ученичката автономија и да се презентираат некои можни начини на поттикнување на автономијата кај учениците кои изучуваат странски јазици.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Nina Daskalovska
Date Deposited: 05 Jul 2021 11:04
Last Modified: 05 Jul 2021 11:04
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28284

Actions (login required)

View Item View Item