Спроведување на постапките за јавни набавки поради крајна итност во време на пандемија на Ковид - 19

Rogleva, Aleksandra and Jordanov, Kiril (2021) Спроведување на постапките за јавни набавки поради крајна итност во време на пандемија на Ковид - 19. Правен дијалог (23). ISSN 1857-7644

[thumbnail of Спроведување на итните јавни набавки во време на пандемија.pdf] Text
Спроведување на итните јавни набавки во време на пандемија.pdf

Download (397kB)

Abstract

Јавните набавки се феномен кој е особено специфичен според природата и содржината на проблематиката што ја уредува, па поради тоа отсекогаш биле актуелна тема за проблематизирање
кај пошироката и кај стручната јавност. Во услови на кризна состојба, која изврши огромни промени во начинот на општественото живеење, очекувани и неминовни беа и промените во спроведувањето на јавните набавки како процес на користење јавни средства од страна на одреден државен орган, заради добивање надворешни ресурси, најчесто од комерцијални понудувачи. Овде првенствено се мисли на постапките за јавни набавки со преговарање без претходно објавување
оглас од причини од крајна итност, кои се јавија како нужност при трошењето на буџетските средства поради сеопштиот недостиг на некои од најнеопходните производи за справување со кризата предизвикана од пандемија со корона вирус. Во услови на широко распространета корупција
во јавните набавки, ваквата состојба е дополнително загрижувачка, бидејќи брзината со која се
спроведуваат постапките со преговарање поради крајна итност и олеснетата постапка која во
голем дел е нетранспарентна, ја зголемуваат повеќекратно веројатноста за буџетски трансферирања кои според својата природа претставуваат груба повреда на законот.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Aleksandra Rogleva
Date Deposited: 05 Jul 2021 06:58
Last Modified: 05 Jul 2021 06:58
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28279

Actions (login required)

View Item View Item