Инциденца и преваленца на туберкулозата во Република Северна Македонија во периодот од 2010-2019 година

Lisinac, Nadezda (2021) Инциденца и преваленца на туберкулозата во Република Северна Македонија во периодот од 2010-2019 година. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Specijalicticki trud_LEKT_12.6.2021-korigirano.pdf] Text
Specijalicticki trud_LEKT_12.6.2021-korigirano.pdf

Download (950kB)

Abstract

Вовед. Туберкулозата претставува глобален медицински јавно-здравствен
проблем поради големиот морбидитет и морталитет, пред сѐ, во неразвиените
земји и во земјите во развој. Една третина од светската популација е инфицирана
со микобактеријата Mycobacterium tuberculosis. Имено, вооружените конфликти и
жестоките меѓусебни борби, преселбата или миграцијата на населението,
глобалната сиромаштија, невработеноста, појавата на ХИВ-инфекцијата,
живеењето во заедница со туберкулозен болен, како и задоцнето одење на лекар
се дел од причините за појава и опстојување на туберкулозата кај луѓето. Ако не
се лекува, тогаш секој заболен од активна форма на болеста може да зарази од
10-15 лица на годишно ниво.
Цел на трудот. Приказ на инциденцата и преваленцата на заболените од
активна туберкулоза во Република Македонија (Република Северна Македонија од
12 февруари 2019 г.) во однос на полот, возраста и појавата на болеста по
општини, за периодот од 2010 до 2019 година.
Материјали и методи. Користени се податоци од извештаите на службата
за белодробни болести и туберкулоза, при ЈЗУ Институт за белодробни болести -
Скопје, како и извештаите од 16 постојни диспанзери за туберкулоза на примарно
и на секундарно ниво на здравствена заштита во Република Македонија (РС
Македонија). Во текот на истражувањето беше користен дескриптивниот
епидемиолошки метод на работа.
Резултати. Во Република Македонија (РС Македонија) за испитуваниот
период, најголема инциденца на заболени од туберкулоза е регистрирана во 2010
година - 20,4 на 100 илјади жители, а најмала инциденца во 2019 година - 9,6 на
100 илјади жители. Во однос на полот, туберкулозата значајно повеќе ја
регистрираме кај машката популација во нашата држава.
Во однос на локализацијата, кај 75% до 85% од новорегистрираните болни
им е дијагностицирана туберкулоза на респираторниот систем. Според општини,
најголема инциденца на заболени од туберкулоза за испитуваниот период е
регистрирана во Гостивар, Куманово, Скопје и во Тетово.
Во однос на возраста на заболените од туберкулоза за испитуваниот
временски период, инциденцата е најголема кај лицата над 70-годишна возраст.
Како што опаѓа инциденцата, така и преваленцата покажува тренд на опаѓање за
испитуваниот десетгодишен период.
Заклучок. Во Република Македонија (РС Македонија), за периодот од 2010-
2019 година, стапката на инциденца и стапката на преваленца кај заболените од
туберкулоза покажуваат тренд на опаѓање. Нашата земја се вбројува во земјите
од европскиот регион со ниска стапка на туберкулоза. Притоа, неопходно е да се
спроведува едукацијата на популацијата од страна на медицинскиот персонал
заради рано откривање на заболувањето, спречување на ширењето на
инфекцијата, правилен режим на лекување и соодветна рехабилитација на
заболените со туберкулоза.
Клучни зборови: Туберкулоза, инциденца, преваленца, морталитет;
Област: Медицински науки.5
АBSTRACT
Introduction: Tuberculosis is a global medical public health problem, due t

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 05 Jul 2021 06:57
Last Modified: 05 Jul 2021 06:57
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28276

Actions (login required)

View Item View Item