Cingoski, Vlatko and Fujinami, Yoshinori and Yamashita, Hideo (2004) Анализа на температурно поле на синхронен генераратор земајќи ги предвид врливите високо-фреквентни хармоници на магнетното поле. Proceeding of MAKO-CIGRE 2004, 4. ISSN 978-608-4578-10-9
Text
2004-4 MAKO-CIGRE 2004 Analiza na temperaturno pole na sinhronen generator.pdf - Published Version Download (555kB) |
Abstract
Со цел зголемување на ефикасноста на вртливите машини, од голема важност е во процесот на нивно проектирање да се земе предвид покрај распределбата на електромагнетното поле и распределбата на топлинското поле. Добо е познато дека и мало зголемување на температурата на машината над номиналните вредности доведува до рапидна деградација на својствата на изолационите материјали, едновремено намалувајќи го и животниот век на машината. Заради тоа, потребно е детално да се проучи можниот пораст на температурата при различни работни режими уште за време на процесот на проектирање.
Во овој труд се дискутира еден метод за анализа на порастот на температурата на вртливите машини (генератори) земајќи предвид појава на вртливи високо-фреквентни хармоници на магнетнотно поле. Методот е базиран на дводимензионална топлинска анализа со помош на користење на методата на конечни елементи. Ќе покажеме дека со земање предвид на овие високо-фреквентни хармоници на магнетното поле, всушност значително се подобрува точноста на пресметаната распределба на топлинското поле. Особено е важно да се напомене дека со вклучување на виско-фреквентните хармоници на магнетното поле, точноста на пресметките на загубите во магнетното јадро значително се зголемува. Предложениот метод за анализа е применет на еден трифазен синхронен генератор за кој е прикажана и споредбена анализа помеѓу пресметаните и измерените вредности на загубите и за топлинското поле.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering |
Divisions: | Faculty of Electrical Engineering |
Depositing User: | Vlatko Cingoski |
Date Deposited: | 29 Jun 2021 09:39 |
Last Modified: | 29 Jun 2021 09:39 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28261 |
Actions (login required)
View Item |