Спектрофотометриска евалуација на бојата кај природните заби во однос на три клучеви за избор на боја и нивната грешка на покривање

Zarkova Atanasova, Julija (2015) Спектрофотометриска евалуација на бојата кај природните заби во однос на три клучеви за избор на боја и нивната грешка на покривање. Masters thesis, Стоматолошки факултет - Скопје.

[thumbnail of Магистерски труд  Др Јулија Заркова ФИНАЛНА ЗА ПРИНТАЊЕ. docx.pdf] Text
Магистерски труд Др Јулија Заркова ФИНАЛНА ЗА ПРИНТАЊЕ. docx.pdf - Published Version

Download (2MB)

Abstract

Првиот чекор за успех во естетската стоматологија е коректно идентификување на бојата на забот кој треба да се имитира. Оптичките карактеристики на забите се уникатни за секоја индивидуа и се очекува дека тие имаат безброј различни нијанси застапени во природни услови, а опсегот на фабрички произведените клучеви за избор на бои е лимитиран на одреден број примероци. Затоа, целта на нашето истражување беше насочена кон изнаоѓање на најчесто застапените нијанси во одредена популациска група во однос на три различни клучеви за боја Vita Classical, Ivoclar Chromascop, Vita 3D Master, потоа кој од нив има најголемо усогласување со бојата на природните заби и кој најдобро го покрива нивниот спектар преку вкупната разлика помеѓу бојата Delta E*ab и грешка на покривање CE-coverage error. Исто така ја одредивме и дистрибуцијата на бојата на централните инцизиви во зависност од различната возраст, пол, орално-хигиенски и диететски навики, пушење.
Бојата на централните инцизиви ја измеривме кај 250 пациенти избрани по случаен избор, на возраст од 18-69 години μ=37,6 (±13,67), од кои 135 беа од женски, a 115 од машки пол. Снимањето го извршивме со помош на неконтактен површински спектрофотометар со оптичка геометрија 45/0° ShаdePilotТМ (Degu Dent, Germany). Поради критериумите за селекција од целокупниот број испитани анализиравме 235 снимки. За да ја одредиме дистрибуцијата на бојата на забите ја избиравме најблиската нијанса која ја прикажува апаратот измерена во средната третина на коронката на централните инцизиви.
Пациентите ги групиравме според неколку параметри и тоа:
- според полот на две групи: испитаници од женски пол N(127) и машки пол N(108)
- според возраста на три старосни групи: првата oд 18-30 год N (77)втората од 31-49 год N (99) и третата од 50-69 год N (59)
- потоа според навиките пушењето на пушачи N (123) и непушачи N (112)
- според навиките на консумирање обоени пијалоци на две групи: испитаници кои ретко пијат обоени пијалоци N (76) и испитаници кои секојдневно (често) консумираат обоени пијалоци N (159).
- според орално-хигиенските навики на три групи: првата со одлични навики N (83), втората со добри N (103) и третата група до лоши навики за одржување на орална хигиена N (49)
Најзастапeни нијанси во оваа популациска група според клучот Vita Classic се црвено-портокаловите нијанси од А групата (61,7%), од кои А2 е најчеста. Во однос на Ivoclar Chromascop клучот белите нијанси од групата 100 се најчести (59,15%), а меѓу нив како најзастапена нијанса е 120. Според Vita 3D-Master клучот пак, најчесто беа избирани интермедиални нијанси од групата М (помеѓу жолто и црвено) (54,9%) при што нијансата 2М2 e најзастапена. Добиените резултати покажаа дека дистрибуцијата на нијансите на забите статистички сигнификантно е зависна од полот (p<0,01(p=0,005)), при што мажите имаат потемни и позаситени нијанси за разлика од жените на кои им одговараат посветли и помалку заситени нијанси. Дистрибуцијата на нијансите значајно се разликува и според возраста (p<0,001)(p=0,000). Кај најмладата возрасна група од 18-30год. за бојата на централните инцизиви според клучевите VC/IC/V3DM најчесто ги избиравме нијансите А1/120/1М2 последователно, кај испитаниците од средната возрасна група од 31-49год. нијансите А2/410/2М2, а кај наjвозрасната група од 50-69год. C3/410/4R1,5. Орално-хигиенските навики се исто така значаен фактор од кој зависи бојата на забите (p<0,001 (p=0,000)).
Најголемо отстапување во покривањето на нијансите кај природните заби има кај Ivoclar Chromascop клучот, односно тој има најголема грешка на покривање која изнесува 2,62 Delta Ecov. Големината на CE кај Vita Classical e незначително помала и изнесува 2,58. Vita3D Мaster клучот имa најмала грешка на покривање Delta Еcov 2,05 и затоа претставува најпрецизен клуч за визуелно определување на бојата на забите кај нашата популација.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Julija Zarkova Atanasova
Date Deposited: 20 Jun 2021 17:06
Last Modified: 20 Jun 2021 17:06
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28200

Actions (login required)

View Item View Item