Алтернативни решенија за третман на парцијална беззабост - флексибилни протези

Zlatanovska, Katerina and Kovacevska, Ivona and Dimova, Cena and Longurova, Natasa and Naskova, Sanja and Zarkova Atanasova, Julija (2018) Алтернативни решенија за третман на парцијална беззабост - флексибилни протези. International journal - Knowledge, 24 (4). pp. 1361-1366. ISSN 2545-4439

[thumbnail of knowlage 2018 agia triada PDF For Repozitorium.pdf] Text
knowlage 2018 agia triada PDF For Repozitorium.pdf

Download (511kB)
[thumbnail of ZAlternative solution  flezibile dentires.pdf] Text
ZAlternative solution flezibile dentires.pdf

Download (547kB)

Abstract

Парцијално губење на забите, може да се должи на траума, заболувања и патолошки промени на меките и на тврдите забни ткива, како и последица на некои други причини, кои што освен што влијаат на самодовербата и психолошката состојба на пациентите, целосно ја нарушуваат и нивната естетика, фонетика и функционална оклузија. Функционална и естетска рехабилитација на целосно или делумно беззаби пациенти вклучува мноштво на варијабилни третмани кои се разликуваат во степенот на инвазивност и реверзибилност заедно со ризиците и придобивките.
Флексибилните протези се одлична алтернатива на конвенционално користените протези од метил метакрилат, кои не само што обезбедуваат одлична естетика и комфор, туку и се прилагодуваат на константното движење и флексибилност кај парцијално беззаби пациенти. Флексибилниот протезен материјал е достапен во форма на гранули во касети со различни големини. Првпат бил воведен со името на валпласт и флексипласт за стоматологија во 1956 година. Ова се суперполиамиди кои припаѓаат на семејството најлон. Најлон е смола добиена од дикарбоксилна киселина, диамин, амино киселина и лактами. Термопластични најлонски смоли се стабилни по природа, исто така, имаат висока издржливост на замор, заедно со одличните карактеристики на абење и отпорност на растворувачи. Обезбедуваат висока димензионална стабилност. Материјалот се совпаѓа со бојата на ткивата и забите во добар степен. Материјалот е лесен, отпорен на топлина и пластичен и се инјектира на температура од 274° до 300° C.
Протезите од овие материјали треба да покажат некои предности во однос на конвенционалните акрилатни протетски надоместоци. Бидејќи материјалите се флексибилни, може да се обезбеди подобра ретенција, а внесувањето на протезата во уста е многу полесно, што е особено важно во случаите на микростомија. Се употребуваат кај пациенти кои имаат билатерални нерамнини и поткопани предели, алергија на акрилна смола, пациенти кои не сакаат фиксна реставрација и метални спојувања, нема доволно коска за монтирање на забен имплант, бруксизам, пациенти со компромитирана невро-моторна функција, како самостојна протеза или обтуратори, рехабилитација на аномалии како ектодермална дисплазија. Бидејќи материјалите се отпорни на пластична деформација и фрактура, протезата може да биде потенка отколку кај класичните акрилатни протези. Дебелината на материјалот може да варира од 0.6 mm до 1.8 mm, така што секоја најлонска протеза е пет пати полесна од стандардната забна протеза. Најлонската основа ја прави протезата толку флексибилна, затоа може добро да апсорбира случаен пад на земјата за време на оралната хигиена во домот. Флексибилните протези се недеформирачки, бидејќи тие секогаш имаат тенденција да се вратат во нивната оригинална форма. Исто така, не постои ризик за било каква алергиска реакција (отсуство нарезидуален мономер). Придобивка на флексибилните протези е голема удобност и одлична естетика, следено до отпорност на мириси и пигментација
Рехабилитацијата на орофацијалните структури бара реставрација на естетиката и функцијата. Флексибилните протези се значително подобри во споредба со конвенционалните протези на метил метакрилат. Кога се доведува во прашање за преферирањето на двата вида на основен материјал од протези, 100% пациенти ги претпочитале флексибилните протези во однос на обичните протези на метил метакрилат.
Клучни зборови: алтернативни мобилни протези, парцијална беззабост, флексибилни протези.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Julija Zarkova Atanasova
Date Deposited: 20 Jun 2021 17:04
Last Modified: 20 Jun 2021 17:04
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28199

Actions (login required)

View Item View Item