Развој на стандарден модел на сенка кај мрежа од фотоволтаични панели за оптимизација на нејзината геометрија за поефикасна искористеност на плац

Citkuseva Dimitrovska, Biljana (2021) Развој на стандарден модел на сенка кај мрежа од фотоволтаични панели за оптимизација на нејзината геометрија за поефикасна искористеност на плац. Doctoral thesis, Ss. Cyril and Methodious University - Skopje.

[thumbnail of Докторски труд] Text (Докторски труд)
Doktorat-Biljana-konecna.pdf - Published Version

Download (3MB)
[thumbnail of doktorat-biljana-konecna.pdf] Text
doktorat-biljana-konecna.pdf - Published Version

Download (3MB)

Abstract

Истражувањата на фотоволтаичните технологии континуирано се насочени кон зголемувањето на ефикасноста на сончевите ќелии, земајќи предвид повеќе аспекти, како што се материјалите и процесот на производство. Појдовен критериум за процентот на искористување на конверзијата на сончевата енрегија во електрична кај фотоволтаичните панели е тие да бидат максимално изложени на сончево зрачење. Ова може да се постигне со воведување на тракинг на сезонска или дневна основа, како и со намалување на ефектот на сенка што се јавува како резултат на поставеноста на фотоволтаичните панели, т.е. меѓусенчењето.
Во оваа докторска дисертација се направени истражувања за можностите за зголемување на површинската ефикасност на даден плац, со воведување на меѓусенчење и определување на неговото влијание врз вкупната произведена електрична енергија. Овие истражувања се направени со развој на стандарден модел на сенка кај мрежа од девет фотоволтаични панели, како основа за дефинирање на ефектите од меѓусенчењето. Потврдата на моделот на сенка е направена во софтверот ARCHICAD каде визуелно се прикажани добиените видови на сенките што можат да се добијат на фотоволтаичните панели. Точноста на моделот на сенка е потврденa и со споредба со објавени нумерички и експериментални резултати.
Моделот на сенка, вклучувајќи ги моделот на сончева положба и моделот на сончево зрачење се имплементира во аналитички софтвер што овозможува да се направат истражувања на моментната вредност на моќноста и вредноста на произведентана електрична енергија за различни географски ширини од интервалот од 0 до 65 степени на северната хемисфера. Аналитичкиот софтвер овозможува оптимизирање на геометријата на фотоволтаичната мрежа со користење на следниве влезни параметри: географска положба; геометрија на панелот изразена со неговата ширина и должина; геометријата на мрежата дефинирана со растојанијата помеѓу колоните и редиците и аголот на наклон на панелите; датум и време.
Резултатите од компаративната анализа на произведената електрична енергија покажуваат дека иако се намалува просечната ефикасност на панелите, се зголемува вредноста на произведената електрична енергија на мрежата како резултат на зголемениот број на фотоволтаични панели.
Со воведувањето на апроксимации за сегментирањето на фотоволтаичните панели истражувањето во докторската дисертација овозможува да се постави стандарден модел за зголемување на ефикасноста на даден плац со определување помали растојанија помеѓу редиците и колоните. Од добиените резултати произлегуваат заклучоци кои можат да се користат како препораки за оптимално распоредување на фотоволтаични панели во 3x3 мрежа за зголемување на искористеноста на плацот и проширување на плац со мрежа од повеќе колони и редици.

Клучни зборови: сончева енергија, фотоволтаични панели, меѓусенчење, модел на сенка, ефикасност на плац.

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Biljana Citkuseva Dimitrovska
Date Deposited: 14 Jun 2021 06:09
Last Modified: 14 Jun 2021 06:09
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28170

Actions (login required)

View Item View Item