Контрастивна анализа на стратегиите за извинување во англискиот и македонскиот јазик

Koceva, Ana (2021) Контрастивна анализа на стратегиите за извинување во англискиот и македонскиот јазик. In: Прагматички истражувања. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Штип, pp. 1-17. ISBN 978-608-244-803-9

[thumbnail of Контрастивна анализа на стратегиите за извинување во англискиот и македонскиот јазик.pdf] Text
Контрастивна анализа на стратегиите за извинување во англискиот и македонскиот јазик.pdf - Published Version

Download (2MB)
[thumbnail of Прагматички истражувања_содржина.pdf] Text
Прагматички истражувања_содржина.pdf - Cover Image

Download (432kB)

Abstract

Во овој труд предмет на анализа е говорниот чин на извинување во англискиот и во македонскиот јазик. Направена е контрастивна анализа во однос на стратегиите што се користат при образување на овој говорен чин. Учесници во истражувањето се македонски и американски студенти кои моментално студираат. Оваа популација беше избрана бидејќи веројатноста овие студенти во иднина да учествуваат во меѓукултурна комуникација е на многу високо ниво. Исто така резултатите од самото истражување би биле најкорисни за оваа група. Податоците беа собрани преку онлајн прашалник кој вклучува три ситуации со извинување и тоа: ситуација во која меѓу говорителите имаме висока социјална дистанца, социјалниот статус е неутрален, а навредата не е сериозна; ситуација во која меѓу говорителите имаме мала социјална дистанца, ист социјален статус и сериозноста на навреда е на средно ниво; и ситуација во која говорителите имаат голема социјална дистанца, нееднаков социјален статус и сериозноста на навредата е на највисоко ниво. На податоците беше извршена квантитативна и квалитативна анализа за дефинирање на употребените стратегии за извинување. Преку резултатите од истражувањето ќе се дефинира прагматичката форма на извинувањето и во двата јазика, како и најзастапените стратегии и другите елементи кои што тие ги содржат.
Целта на истражувањето е да се подигне свеста за културната различност и како таа може да влијае врз меѓукултурната комуникација.

Item Type: Book Section
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ana Koceva
Date Deposited: 11 Jun 2021 14:27
Last Modified: 11 Jun 2021 14:27
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28154

Actions (login required)

View Item View Item