Прагматички истражувања

Kusevska, Marija and Ivanovska, Biljana, eds. (2021) Прагматички истражувања. Универзитет „Гоце Делчев“, Штип.

[thumbnail of Прагматички истражувања_со вовед.pdf] Text
Прагматички истражувања_со вовед.pdf

Download (714kB)

Abstract

Реализацијата на книгата „Прагматички истражувања‶ е резултат на
постепеното, но сигурно зголемување на интересот кон прагматиката во нашата
земја. Првите прагматички истражувања на наше тло беа поврзани со говорните
чинови. Потоа полека се прошируваа на други теми како: учтивоста,
директноста и индиректноста, убедувањето, интерперсоналната комуникација,
прагматичката компетенција, интеркултурната прагматика и критичката
прагматика/критичката анализа на дискурсот. Бројот на истражувањата се
зголемува, но пристапот до нив сѐ уште е недоволен. Како припадници на академската заедница, авторите на поглавјата во оваа книга сметаат дека наша задача не е само да истражуваме туку и да ги направиме истражувањата
потранспарентни и подостапни. Целта на оваа книга е токму тоа – да даде преглед на некои прагматички истражувања во нашата земја со цел да ги претстави темите и методите на истражување кои се актуелни денес. Се надеваме дека тие ќе го пренесат ентузијазмот на авторите за прагматичките
теми и ќе ги поттикнат македонските лингвисти на нови истражувања од оваа област.

Item Type: Book
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Biljana Ivanovska
Date Deposited: 03 Jun 2021 07:12
Last Modified: 03 Jun 2021 07:12
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28138

Actions (login required)

View Item View Item