Jovanovska, Sashka (2020) Усвојување на втор јазик – Педагошка граматика. Зборник на трудови/Петта меѓународна научна конференција ФИЛКО филологија, култура и образование, 8-9 октомври 2020, Штип,Универзитет “Гоце Делчев”, 2021. pp. 105-113. ISSN 978-608-244-787-2
Text
4124-Article Text-6834-1-10-20210202.pdf Download (3MB) |
Abstract
Одличното познавање на граматиката на јазикот претставува огромна предност. Наставникот кој поучува јазик треба на индивидуален начин своето знаење да им го пренесе на учениците. Сепак, овој процес, во голема мера, е под влијание на различни пристапи во наставата. Oд одлуката на нaставникот за изборот на соодветните пристапи во поучувањето на граматиката, зависи и подобрувањето или влошувањето на образовната практика при изучување на јазик. Овој труд укажува за правилните решенија во поучувањето на граматичките структури од наставникот и во нивното изучување од учениците изразени преку педагошката граматика. Сознанијата за важноста на употребата на граматичките структури, преку кои се реализира наставата по Англиски јазик во учебниците, послужија како мотив за трудот. Предизвиците што ги наметнуваат окружувањето, новите вредности и верувања, како и неопходноста за осовременување на образовниот процес, што треба да се спроведе преку имплементирање на нови квалитетни идеи, зависат од начинот на кој треба да биде реализиран часот. Употребата на граматичките структури во учебниците по Англиски јазик и нивната соодветна вредност во тековната настава во образовниот систем, според образовната програма и образовната рамка за училиштата, може само позитивно да влијае во изучувањето на Англискиот јазик.
Клучни зборови: Англиски јазик, образование, граматички структури, педагошка граматика
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences Humanities > Languages and literature Social Sciences > Psychology |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Saska Jovanovska |
Date Deposited: | 31 May 2021 08:41 |
Last Modified: | 31 May 2021 08:41 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28127 |
Actions (login required)
View Item |