Инклузивен Мост 18

Gogova Samonikov, Marija and Veselinova, Elena (2021) Инклузивен Мост 18. [Project] (Submitted)

This is the latest version of this item.

[thumbnail of Опис на проектот.pdf] Text
Опис на проектот.pdf

Download (492kB)
[thumbnail of Потврда за учество ЕВ.pdf] Text
Потврда за учество ЕВ.pdf

Download (544kB)
[thumbnail of Потврда за учество МГС.pdf] Text
Потврда за учество МГС.pdf

Download (544kB)

Abstract

Проект „Инклузивен Мост 18“ е програма за социо-економска инклузија на деца без родители и родителска грижа. Проектот дава можности за општествени промени за правилна интеграција и социјалната инклузија на оваа популација. Една од алтернативите за сместување на деца без родители и родителска грижа до 18-годишна возраст се формите на мал групен дом. Во овој дом се обезбедува безбедно и грижливо опкружување налик на семејно, кое служи како модел за инклузивно згрижување во заедницата наместо згрижување во големи институции. Во овие домови децата престојуваат до 18 години. Со наполнувањето на 18-годишна возраст штитениците на mал групен дом добиваат eднократна парична помош од dржавата, согласно zаконите од социјална заштита во висина од 180.000 денари. Со истражувањето направено од страна на ЈУ Завод за социјални Дејности -Скопје, утврдено е дека голем процент од децата оваа парична помош ја трошат во првите три месеци од напуштање на домот, претежно за краткорочни лични потреби, што ги доведува во состојба на повторен социјален ризик. Предизвиците се разбирливи на оваа возраст кај децата, но пред се' мора да се фокусираме на последиците кои се должат на можните причинители кои овој проект ги детектира: средина на живеење, отсуство на менаџирање со пари во помлада возраст, очекувањето на материјални средства и нивниот предизвик, ниско ниво на мотивираност и поддршка за личен развој, отсуство на информација за претприемништво, отсуство на економска одговорност кај децата, присуство на несигурност за преземање на конкретни чекори за социјално претприемништво и самовработување и други разбирливи предизвици кои се последица од животот на оваа популација.

Општа цел: Да се создаде поттикнувачко правно и професионално опкружување за развој на социјално претприемништво како можност за вработување на деца без родители и родителска грижа сместени во деинституционализирани форми на услуги на територијата на нашата држава.

Специфични цели: Да се создаде едукативна програма за јакнење на капацитетите на децата без родители и родителска грижа за пазарна економија менаџмент во долгорочен план и нивно соци-економско интегрирање во општеството.

Целни групи на проектот:
Шест мали групни домови на ниво на држава.
30 вработени лица во мал групен дом.
Околу 40 деца сместени во мал групен дом.
Бизнис заедница, за градење на можности за соработка и практиканство.

Очекувани резултати:

- Идентификувани слаби и јаки страни во животната заедница и опкружување, личен развој, социо-економски развојни можности и др.
- Создадена едукативна програма за економско опкружување на деца без родители и родителска грижа, приспособена на хронолошката возраст на корисниците.
- Подигнато ниво на знаење и одговорност за економското опкружување на децата без родители и родителска грижа и создадени предуслови за правилен социјален – економски интегративен развој на корисниците.

Активности: Во првата фаза од проектот се проектирани активности за скрининг процес, анкета и интервју за идентификација на можните причинители: околина, личен развој, мотивираност, информираност, предизвици во економското живеење, визија за самореализација, материјални вредности и др. Во оваа фаза се и активностите кои водат кон градење на социо-економска едукативна програма и содржи реализација на 9 работилници на стручен тим, соработници и консултанти за разработка на програмата. Втората фаза на проектот ги опфаќа активностите за финализација на програмата, издавање на водич за економија и менаџмент и негова имплементација во мали групни домови, преку претходна обука на вработениот персонал за менторство. Во третата фаза на проектот се вклучени акциите за директна поддршка на целната група, преку менторство од професори и студенти од Економски факултет Штип-соработник во проектот. Оваа фаза работи на директна поддршка и развој на индивидуални бизнис планови за потребите на групите.

Транспарентноста на проектот е проследена во сите фази на имплементација со завршна промоција на резултатите.

Item Type: Project
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Elena Veselinova
Date Deposited: 19 May 2021 08:24
Last Modified: 19 May 2021 08:24
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28100

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item