Превенција и рехабилитација на фрактури на клавикула кај децата

Andov, Pane (2021) Превенција и рехабилитација на фрактури на клавикула кај децата. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of PANE ANDOV - SPECIJALISTICKI TRUD.pdf] Text
PANE ANDOV - SPECIJALISTICKI TRUD.pdf

Download (2MB)

Abstract

Според податоците на Светската здравствена организација, фрактурите на
коските во детска возраст имаат постојан пораст така што, стапката на пораст
кај фрактурите изнесува 36,1/1000 деца. Фрактурите претставуваат 10% до 25%
од сите педијатриски повреди и се почести кај момчињата отколку кај
девојчињата.
Со зголемување на возраста повредите се зголемуваат и кај двете групи. На
фрактури од спортски и слободни активности кај децата отпаѓаат 36%, на
фрактури од малтретирање и тепање - 3,5%, на сообраќајни несреќи 1,4%.
Фрактурите кај децата претставуваат значаен епидемиолошки проблем во
светски размери. Враќањето на повредените деца во нормалниот живот и
потполното функционално оспособување во што пократок период, како и фактот
дека се работи за млада популација, го прави ова истражување сосема
оправдано.
Клучни зборови: клавикула, фрактура, рехабилитација, кинезиотеипинг,
кинезитерапија;

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 17 May 2021 08:05
Last Modified: 17 May 2021 08:05
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28094

Actions (login required)

View Item View Item