Видови беззабост и нивна рехабилитација со различни видови мобилни протетски изработки

Ivanova, Svetlana (2021) Видови беззабост и нивна рехабилитација со различни видови мобилни протетски изработки. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Svetlana Ivanova trud 19 декември 2020 - финален.pdf] Text
Svetlana Ivanova trud 19 декември 2020 - финален.pdf

Download (1MB)

Abstract

Протеза претставува вештачки изработен и поставен орган или дел од орган
во човечкото тело. Зборот протеза потекнува од старогрчкиот збор "Prostetis" и
означува вештачка наставка однозно надоместок на дел од орган или замена на
целиот орган. Медицинските протези се по вештачки начин изработени помагала
кои повеќе или помалку успешно функционално и естетски ги симулираат
изгубените ткива. Нивната основна задача е да ја заменат фукнцијата на изгубениот
орган. Стоматолошките парцијални и тотални протези спаѓаат во редот на
поквалитетните медицински протези.
Цел на специјалистички труд е да ги објасни различните видови на мобилни
стоматопротетски изработки, постапката на изработка, различните класификации
за типовите на беззабост, нивна рехабилитација во секојдневната работа во
заботехничката пракса, како и да се презентира составот на употребените
материјалите од кои се изработени.
Материјал и метод на работа: Истражувачкиот материјал вклучува 117
испитаници - пациенти, од двата пола на возраст од 28 години до 83 години, кај кои
беа изработени 174 мобилни стоматопротетски изработки во заботехничката
лабораторија (приватната здравствена установа - ПЗУ „Гордана“ во Кочани), во
периодот од 01.01.2019 година до 31.06.2019 година. Истражувачкиот материјал
беше анализиран според: пол и возраст, вид на беззабост (класификација според
Кенеди), вид на мобилна стоматопротетска изработка (парцијална, субтотална и
тотална протеза), вид на материјалот за изработка на мобилна стоматопротетска
изработка (акрилатни протези, акрилатни протези со меко налегнување на базата,
флексибилни термопластични протези).
Резултати: Врз основа на спроведената анализа беше утврдено дека
најзастапени беа испитаниците на возраст од 61-70 години (52 пациенти или 44%).
Беа изработени 90 (52%) надокнади во горната вилица со тоталната беззабост и 84 Специјалистички труд Светлана Иванова
6 | P a g e
или 48% во долната вилица. Тоталната беззабност во горната вилица беше
позастапена и тоа во 64% од изработките во однос на парцијалната и субтоталната
беззабност, а во долната вилица тоталната протеза беше застапена во 50% од
изработките. Според употребуваниот материјал од кои беа изработени мобилните
стомато протетички изработки може да се заклучи дека 49 или 28% беа обични
акрилатни протези кај 34 испитаници. Потоа, 49 или 28% акрилатни протези со меко
налегнување на базата (комбинирани протези) беа кај 30 испитаници, а најмногу
односно, 76 или 44% флексибилни термопластични протези (TCS) беа кај 53
пациенти.
Заклучок: Познавањето на различните класификации за типовите на
беззабост е во тесна корелација со оправданоста за нивната изработка во
зависност од видот на беззабост во согласност со соодветна класификацијата.
Познавањето на различните видови на мобилни стоматопротетски изработки,
постапката на изработка, како и познавањето на составот на различните видови
материјали, класични и современи, од кои може да бидат изработени претставуваат
појдовна основа за изработување на квалитетни стоматопротетички надокнади.
Клучни зборови: Парцијална протеза, мобилни протетски изработки, видови
протетски изработки, видови беззабост, рехабилитација.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 17 May 2021 08:03
Last Modified: 17 May 2021 08:03
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28092

Actions (login required)

View Item View Item