Berisha, Suat (2021) Ефект на кинезитерапија кај пациенти со бурзитис на рамото. Other thesis, Goce Delcev University Stip.
Text
SPEC-TRUD-SUAT-BERISHA.pdf Download (3MB) |
Abstract
Хроничната траума е најчеста причина за настанување на бурзитис. Може
да биде предизвикана од секојдневни активности, во кои имаме повторувачки
движења во рамото, коишто предизвикуваат микротрауми и мали изливи на крв и
ткивни течности во бурзата; постепено ѕидот се раздразнува и започнува
асептично воспаление. Острата повреда е поретко причина за воспаление на
бурзата и најчесто тоа е причина за воспаление на површински распоредените
бурзи (на лакотот, препателарната бурза на коленото итн.), каде што како
последица на директен удар врз бурзата се излева мала количина крв, што
последователно дава почеток на воспаление. Целта е да се проучи ефективноста
на кинезитерапевтските техники, базирани на современите принципи на
рехабилитација во подобрувањето на функционалниот статус на пациенти со
бурзитис на рамото. Материјал и методи: Во истражувањето се вклучени 15
пациенти со бурзитис на рамо. За да има хомогеност на истражувањето
пациентите ќе бидат избрани по неколку критериуми: да бидат на возраст од 35 и
55 години; да имаат дијагностициран бурзитис на рамо (унилатерално); да имаат
стабилна хемодинамика, а артеријалниот притисок е под 140/90. Кај испитаниците
е спроведена специјализирана кинезитерапевтска метода, базирана на
современите принципи на кинезитерапија кај бурзитис на рамо. За целите на
истражувањето е применет комплекс од дијагностички методи, а резултатите од
кои што се евалуирани на 1-от ден, 10-от ден и на 1-от месец од почетокот на
лекувањето се прикажани на работен лист. Се оценуваат: моторните можности со
мануелен-мускулен тест (ММТ-оценки), сантиметрија (cm) и аглометрија (°).
Кинезитерапевтска метода e применета кај експерименталната група. Таа е
базирана на основните принципи на современата рехабилитација: да биде
индивидуална, интензивна и специфично ориентирана – усогласена и фокусирана
врз индивидуалните потреби на пациентот; комбинација од зафати за мекоткивна
мобилизација – директна, зглобна и комбинирана со масажа и мускулно�инхибиторни техники.
Клучни зборови: Кинезитерапија, бурзитис, рамо
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 14 May 2021 16:43 |
Last Modified: | 14 May 2021 16:43 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28091 |
Actions (login required)
View Item |