Улогата на дебелината кај монолитната литиум-дисиликатна керамика врз бојата и естетикатa на протетските надоместоци in vitro – евалуација

Zarkova, Julija (2021) Улогата на дебелината кај монолитната литиум-дисиликатна керамика врз бојата и естетикатa на протетските надоместоци in vitro – евалуација. Doctoral thesis, Факултет за медицински науки.

[thumbnail of DOKTORSKA DISERTACIJA JULIJA Z ATANASOVA.pdf] Text
DOKTORSKA DISERTACIJA JULIJA Z ATANASOVA.pdf - Accepted Version

Download (3MB)

Abstract

Вовед. Бојата на природните заби е естетски параметар на насмевката кој е од исклучителна важност за изгледот на една индивидуа. При протетичката рехабилитација на забните структури во оралната регија, особено во видливите подрачја, стоматолозите се соочуваат со големи предизвици во постигнување на максимална естетика, a во исто време задоволување на очекувањата од пациентите.
Цел. Примарната цел на оваа Докторска дисертација ни беше квантитативно со спектрофотометриско мерење, да ја евалуираме разликата во бојатата (Delta E) кај глазирани монолитни изработки од литиум дисиликатна керамика IPS Е.max Press® со различна транслуцентност (HT и LT) и дебелина, цементирани на три различни основи со неутрална боја на композитен цемент.
Предмет на испитување ни беше и :
 Да одредиме на која дебелина литиум дисиликатната HT керамика со (0.5,1,1.5 или 2mm) може најдобро да маскира средно дисколорирана подлога.
 Да определиме на која дебелина од литиум дисиликатната керамика LT керамика (0.5,1,1.5 или 2mm) може да маскира средно дисколорирана подлога.
 Да одредиме која дебелина од литиум дисиликатната HT керамика (0.5, 1 ,1.5 или 2mm) може најдобро да маскира многу дисколорирана/метална подлога.
 Да утврдиме која дебелина од литиум дисиликатната HT керамика (0.5, 1 ,1.5 или 2mm) може најдобро да маскира многу дисколорирана/ метална подлога.
 Да процениме дали резултантната боја кај монолитните изработки според CIE L*ab системот повеќе зависи од дебелината на керамикатa или транслуцентоста на керамиката.
 Да процениме дали постои разлика во дефинитивната боја на монолитните изработки определена преку Delta E и Delta L помеѓу HT и LT
 Да ја одредиме корелацијата помеѓу различната транслуцентност на керамиката (HT и LT) и различната дебелина на керамиката.
 Да утврдиме дали литиум дисиликатната прес HT и LT керамика може да се употребува кај силно дисколорирани/метални забни трупчиња.
 Да одредиме дали композитниот цемент во неутрална нијанса влијае на дефинитивната боја на изработките од HТ и LT керамика со различна дебелина.
 Да се анализира компатибилноста на бојата помеѓу композитниот цемент Variolink estethic Dc Ivoclar vivadent (неутрална нијанса) и соодветната try-in паста, преку мерење на разликата во бојата Delta E.
 Да утврдиме дали спектрофотометарските разлики се видливи со голо око, и дали се клинички прифатливи.
Материјал и метод. Во оваа In vitro-студија изработивме деведесет и шест (N=96) монолитни коронки од литиум дисиликатна стакло керамика IPS Е.max® Press во А3 нијанса, од ниско транслуцентна (LT) и високо транслуцентна керамика (HT). Коронките имаа дебелина на ѕидовите 0.5, 1, 1.5 и 2 mm. Како основа врз која ги цементиравме коронките, изработивме деведесет и шест забни трупчиња со коренско продолжување кои ни претставуваа различни подлоги и тоа: недисколорирана основа A3, умерено дисколорирана ND7 и многу дисколорирана основа/метална М. За цементирање на коронките употребивме двојноврзувачки композитен цемент Variolink estethic Dc, Ivoclar vivadent со неутрална нијанса. Финалната боја на коронките пред и по цементирањето ја измеривме со не контактен интраорален спектрофотометар со оптичка геометрија 45/0° ShаdePilotТМ (Degu Dent, Germany). За визуелна евалуација на бојата употребивме клуч за избор на боја Vitapan® classical и уред за корекција на светлина Smile Lite MPD. Изработените примероци ги поставувавме на Kavo студио модел, на местото на горниот втор премолар и ги прицврстувавме на фантом. На тој начин симулиравме клинички услови, а целта беше да ја зголемиме прецизноста при анализата на бојата. За толкувањето на резултатите ги употребивме праг на перцепција, праг на прифатлива и клинички неприфатлива разлика. Статистичката анализа на податоците добиени од истражувањето, беше направена во статистичкиoт програм SPSS 23,0, а сигнификантноста беше дефинирана на ниво на p<0.05.
Резултати. Дебелината на керамиката е значаен фактор за вкупната промена на бојата Delta E (p<0.0001) и кај високо транслуцентната и кај нискотранслуцентната керамика без оглед на основата. Дебелината на керамиката е значаен фактор за промена на светлоста на керамиката преставена преку Delta L, без оглед на степенот на транслуценција (p<0.0001). Delta E 2,35 и 1.38, клинички прифатлива добивме кај LT коронки со дебелина од 1.5 и 2 mm при умерено дисколорирана основа. Финалната боја на монолитните литиум дисиликатни надоместоци значајно зависи од степенот на транслуценост и од бојата на основата (p<0.0001). Кога бојата на основата не е дисколорирана траслуценцијата значајно не ја менува вкупната промена на бојата Delta E (p=0.94), но статистички сигнификантно ја менува на светлоста Delta L (p<0.0001).
Заклучок. Бојата на цементираните монолитни литиум-дисиликатни надоместоци се менува во релација со нивната дебелина. Колку е поголема дебелината на керамиката толку бојата ќе има помал удел во финалниот изглед на надоместокот. Колку поголема дисколорација на забното трупче, толку подлабока треба да биде препарацијата. Кај нискотранслуцентната керамика на 1.5 и 2 mm дебелина бојата на подлогата може потполно да се маскира, при умерено дисколорирана подлога. При силно дисколорирана подлога ниедна дебелина од HТ и LT керамиката не може да го блокира нејзиното влијание врз финалната боја на изработката.

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Julija Zarkova Atanasova
Date Deposited: 14 May 2021 13:03
Last Modified: 14 May 2021 13:03
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28089

Actions (login required)

View Item View Item