Petrovski, Mihajlo and Terzieva-Petrovska, Olivera and Papakoca, Kiro and Minovska, Ana (2020) Влијание на дијабетес мелитус на оралното здравје. In: 20-ти конгрес на Македонско лекарско друштво во соработка со Медицински факултет Скопје, 10-20 Nov 2020, Skopje.
Text
poster mihajlo 22.pdf Download (659kB) |
|
Text
Congress2020_AbstractBook_Cover.pdf Download (951kB) |
|
Text
Congress2020_AbstractBook-prePrint poster.pdf Download (132kB) |
Abstract
Дијабетесот, како значајно еднокринолошко заболување влијае на метабозмот на јаглехидратите, мастите и протеините во организмот, а по подолго време влијае и на структурата и функцијата на крвните садови, нервите и другите витални органи и органски системи. Главни орални проблеми кои се јавуваат кај дијабетичарите се чести орални инфекции и ксеростомија, болести на забите и околу-забните ткива и долго опоравување после секоја извршена интервенција во оралниот медиум. Ако се чека предолго некои од овие проблеми може да доведат до трајни последици. Главна цел на ова наше истражување беше да се проценат најчестите орални промени кои се забележуваат кај пациентите со тип 2 дијабет.
Материјал и методи: За реализација на поставената цел на вкупен број од 60 испитаници со контролиран или неконтролиран дијабетес тип 2 направени се контролни стоматолошки прегледи. За да влезат во испитуваната група пациентите потребно е дијабетот да бил дијагностициран најмалку две години пред изведениот стоматолошки преглед. Испитаниците се поделени во две подеднакви групи (од по 30 испитаници)- едната која редовно се придржува на терапевтските проткололи (контролиран дијабетес) и втората пациенти кои не се придржуваат на препорачаната терапија (неконтролиран дијабетес).
Резултати: Врз основа на анализираните податоци забележано е дека кај пациентите со дијабетес присутни се бројни орални лезии од кој најзастапени се: ксеростомија, халитоза, пародонтопатија, кандидомикоза, glossodinia и glossopirosis и нарушувања во вкусовата перцепција. Оралните промени се почести кај лицата со некотролиран дијабетес и зголемени нивоа на гликозата во крв.
Заклучок: Оралните промени кои се карактеристични за дијабетес тип 2 се сметаат за една од најзначајните компликации на ова заболување. Поради тоа што овие клинички манифестации се доста чести меѓу пациентите, потребна е рана детекција и соодветна терапија на дијабетесот, со цел навремена превенција и третман на оралните компликации.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Mihajlo Petrovski |
Date Deposited: | 12 May 2021 07:04 |
Last Modified: | 12 May 2021 07:04 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28072 |
Actions (login required)
View Item |