Naskova, Sanja (2021) Корелација помеѓу дентален кариес и индекс на телесна маса кај деца со млечна дентиција. Knowledge International Journal Scientific Papers, 45.4. ISSN 1857-923X
Text
KIJ, Vol. 45.4-1-15.pdf Download (638kB) |
|
Text
CORRELATION BETWEEN DENTAL CARIES AND BODY MASS INDEX IN CHILDREN WITH PRIMARY DENTITION.pdf Download (620kB) |
Abstract
Резиме Зголемената тежина кај децата е глобален здравствен проблем со мултифакториелно нарушување на животната средина и генетски фактори на ризик, каде е присутна нерамнотежа помеѓу внесот на енергетски материи преку храната и енергетска потрошувачка со што се овозможува складирање на вишокот на енергија како масти, што значи дека лошата исхрана е примарен фактор на дебелината. Она што не мотивира да планираме и реализираме ваков вид истражување беше обезбедување податоци за тоа колку паритиципира на појавата на денталниот кариес, кој претставува сериозен и актуелен здравствен проблем во нашата земја кај целата популација. За реализација на поставените цели се опсервирани деца по случаен избор од предучилишни училишта во градот Штип. Во истражувањето се вклучени 74 деца (35 од женски и 39 од машки пол) на возраст од 4-6 години. Стоматолошките прегледи ги реализиравме со користење преносливи светилки со јачина од 60 W со бело-син спектар и стерилизирани пародонтални сонди бр.5 и огледалце. За да избегнеме визуелен замор, во текот на еден ден беа опсервирани најмногу 15 деца. Испитувањата ги направивме после усмена согласност на испитаниците и родителите. Антропометриските мерења кои ги земавме во предвид се телесната тежина и висина и според насоките на Светската здравствена организација (СЗО) од 2002 година ги реализиравме во следниве неколку чекори. Испитаниците беа облечени лесно, мерењата ги направивме со помош на стандардизирана дигитална вага при што тежината под и над 500 грама беше заокружена до најблискиот број. За време на одредувањето на висината испитаниците беа без чевли и истата ја одредувавме со помош на ленти за мерење на висина градуирани во сантиметри и метри. Толкувањето го реализиравме според возраста и полот со помош на шема за ИТМ и користење табели дадени од центар за контрола на болести и превенција (Center of Disease Control and Prevention) и специјално подготвен софтвер на СЗО (Anthro Plus v1.0.4 ) за таа намена кој овозможува пресметување на податоци за телесната маса кај деца и адолесценти. Резултатите од испитувањето кои се однесуваат на индексот на телесна маса укажуваат дека во експерименталната група од вкупно 43(58,10%) деца, 5(6,80%) деца биле неухранети, 23(31,10%) деца биле со нормална тежина, 9(12,20%) имале зголемена тежина, кај 6(8,10%) деца утврдена е прекумерна тежина. Во контролната група (без дентален кариес) од вкупно 31(41,90%) деца, 1(1,40%) децa билe неухранети, 18(24,30%) деца биле со нормална тежина, 5(6,80%) имале зголемена тежина а кај 7(9,50%) деца утврдена е прекумерна тежина . Помеѓу телесната маса на децата и присуството на денталниот кариес за Pearson Chi-square=2,80 и p>0,05(p=0,42) нема значајна поврзаност. При утврдувањето на значајноста на придонесот за присуство на дентален кариес на секоја компонента, утврдено е дека најголемо влијание има неухранетоста (Wald=2,06 /p>0,05(p=0,15), зголемената тежина (Wald=0,89 /p>0,05(p=0,35) а најслабо е влијанието на нормалната тежина (Wald=0,39 /p>0,05(p=0,53).
Клучни зборови: дентален кариес, индекс на телесна маса, млечна дентиција
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Sanja Naskova |
Date Deposited: | 11 May 2021 10:19 |
Last Modified: | 11 May 2021 10:19 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28063 |
Actions (login required)
View Item |