Важноста на квалитативните и квантитативните биолошки методи за евалуација и скрининг на микотоксини

Kiroska, Ivona and Velickova, Nevenka (2021) Важноста на квалитативните и квантитативните биолошки методи за евалуација и скрининг на микотоксини. Medicus, 11 (31). pp. 20-21.

[thumbnail of Medikus br.31(1).pdf] Text
Medikus br.31(1).pdf - Published Version

Download (7MB)

Abstract

Микотоксините се секундарни продукти од метаболизмот на различни видови габи кои растат и се развиваат на супстрат од животинско или растително потекло. Најчести и најтоксични микотоксини се афлатоксините, кои што можат да бидат произведени од неколку видови на габи: Aspergillus flavus, Aspergillus parasiticus или Aspergillus nomius. Афлатоксините се потврдени канцерогени материи и истите припаѓаат на првата група канцерогени агенси според класификацијата на IARC (International Agency for Research on cancer - Меѓународна Агенција за истражување на канцерот). Афлатоксините, како и другите микотоксини покажуваат хепатотоксично, имуносупресивно, тератогено и мутагено дејство. Најчесто поволни услови за раст и развој на овие габи, а со тоа и зголемена концентрација на микотоксини се: висока температура и влажност особено при транспорт и чување на земјоделски култури или неадекватна хигиена или чување на прехрамбени производи од растително или животинско потекло. Заболувањата кои се предизвикани од микотоксини се нарекуваат микотоксикози, од афлатоксини, афлатоксикози, соодветно. Истите можат да бидат акутни или хронични.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Nevenka Velickova
Date Deposited: 14 Apr 2021 09:46
Last Modified: 14 Apr 2021 09:46
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27997

Actions (login required)

View Item View Item