Регургитација и алергија на кравји протеини кај доенчиња

Zisovska, Elizabeta (2021) Регургитација и алергија на кравји протеини кај доенчиња. In: Функционални гастроинтестинални тегоби кај доенчињата, 30 March 2021, Skopje. (Unpublished)

[thumbnail of Зисовска - Регургитација и алергија на кравји протеини кај доенчиња-.pdf] Slideshow
Зисовска - Регургитација и алергија на кравји протеини кај доенчиња-.pdf - Presentation

Download (2MB)
[thumbnail of Agenda-Funkcionalni narusuvanja kaj doenceto.pdf] Text
Agenda-Funkcionalni narusuvanja kaj doenceto.pdf - Cover Image

Download (279kB)

Abstract

Регургитација претставува враќање на желудечна содржина назад во хранопроводникот (езофагусот) и некогаш во устата, што се случува без напор, кај околу 50% од децата до 3 месеци, кога и волуменот на желудникот е мал. Многу често и во стручните кругови регургитацијата се меша со повраќање. Се јавува најчесто кога мускулот меѓу езофагусот и желудникот е помлитав, а притисокот на содржината во желудникот е повисок отколку заедничкиот притисок на мускулот на затворачот на езофагусот, градниот кош и грлото. Вообичаено, во регургитираната содржина има несварено млеко, делумно дигерирано, плунка и кисели секрети од желудникот на доенчето. Нефармаколошката терапија вклучува исправена положба на телото, да се избегнува играње и прекумерни движења после хранење, промена на стратегијата на исхрана – мали чести оброци, да се избегнува млеко непосредно пред спиење, додавање на згуснувач на млекото – фабрички припремено, хидролизирано млеко – има корист без потврдени докази.
Алергијата на протеини на кравјо млеко е друг функционален проблем. Тоа е најчеста алергиска реакција на храна кај доенчињата. Се појавува кога имуниот систем на доенчето реагира абнормално на протеините во кравјото млеко и други животнски храни, вообичаено во доенечкиот период или кога имуниот систем по грешка го препознава протеинот во кравјото млеко како штетна супстанција и го напаѓа. Оваа имунолошка реакција може да му наштети на желудникот и цревата, и кај доенчињата во првата година од животот се среќава во 2-3%, а кај децата до 6-тата година веќе се намалува на помалку од 1%.
Клиничката слика вклучува повраќање, дијареа, слузава и понекогаш крвава столица, абдоминална болка. Ретко: секреција од носот која е серозна, потешко дишење, кожен осип (раш). Некогаш дијагнозата се поставува на принцип на елиминација на алергенот (храната).
Ако е лесна до умерена алергиската реакција, терапевтската формула во прв ред вклучува хидролизиран протеин (разложен до микромолекули кои не го провоцираат имунолошкиот механизам). Се препорачува сите други храни да се елиминираат додека не се намали силниот имунолошки одговор кон протеините.
Додека формулата базирана на аминокиселини е индицирана во следните случаи: ако доенчето ја одбива формулата со хидролизиран протеин, но ја прифаќа другата млечна формула, ако симптомите не се смируваат после 2-3 недели од внесот на млечна хидролизираната формула, или ако односот корист/штета оди во прилог на формулата со амино киселини.
Состојбата на АПКМ сама по себе се повлекува кај повеќе од половината доенчиња во тек на првата година, а до 3 години кај повеќе од 90% од децата кои ја имале. Дел од доенчињата со алергиска конституција и понатаму ќе имаат алергија на повеќе видови храна.
За деца кои се на доење и се со силен имунолошки одговор, доењето и мајчиното млеко се храна од прв избор. Но, мајките за себе треба да избегнуваат храна, особено млечна, која може да провоцира силен имунолошки одговор, како за дијагностички цели, така и за исхрана во тек на првата година. Кај децата кои се комплетно на млечна формула, стриктно треба да се внимава да се воведе храна која не содржи протеини, од типот на хидролизирана млечна формула или базирана на аминокиселини. Справувањето со алергиите на протеини во храната станува сериозен дел од напорите во јавното здравство.
Алергиите можат да доведат до животозагрозувачка состојба и сериозно го засегаат квалитетот на животот. Брза, прецизна и веродостојна дијагноза е основниот чекор во избегнувањето на тешките алергиски реакции, а особено алергиите на протеините на кравјо млеко. Овој процес е многу тежок со оглед на комплексната интеракција од генетската основа, околината и микробиотите.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Elizabeta Zisovska
Date Deposited: 01 Apr 2021 06:45
Last Modified: 01 Apr 2021 06:45
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27970

Actions (login required)

View Item View Item