Ротавирус вакцината го штити здравјето на децата

Zisovska, Elizabeta (2020) Ротавирус вакцината го штити здравјето на децата. In: Ротавирус вакцината за време на Covid 19 пандемија – Искуства и дилеми, 21 Dec 2020, Skopje. (Unpublished)

[thumbnail of Agenda -webinar roravirus vakcina 21.12.2020.pdf] Text
Agenda -webinar roravirus vakcina 21.12.2020.pdf - Cover Image

Download (89kB)
[thumbnail of Проф Зисовска - Ротавирус вакцина.pdf] Slideshow
Проф Зисовска - Ротавирус вакцина.pdf - Presentation

Download (1MB)

Abstract

Ротавирусот е најчестиот предизвикувач на акутен гастроентерит, кој ги напаѓа ентероцитите. Најчесто ја зафаќа доенечката и возраста на малите деца. Инфекцијата на ентероцитите води до клеточна смрт и многу често атрофија на цревните ресички. Во еден момент, стапката на клеточна продукција во криптите не може да одржи чекор со стапката на ентероцитната загуба. Ова резултира во намалена цревна површина, нарушување на дигестивните и апсорптивните функции и појава на акутна малапсорптивна дијареа, која може да трае сѐ додека не се обноват овие ентероцитни функции.
За нормална функција на интестиналната мукоза, покрај неспецифичната мукозна бариера вклучен е и комплексниот ензимски систем од групата на GST ензими кои се среќаваат по должината на целото црево.
При оштетување на клеточната мембрана на интестиналните епителни клетки, овие ензими се ослободуваат и нивните нивоа во серумот се одраз на степенот на интестинално епително оштетување. Затоа, Alpha Glutathione S Transpehrasa во серумот претставува биомаркер за интестинално епително оштетување.
Нивоата на овој ензим во серумот ја потврдуваат теоријата дека Ротавирусот може да предизвика сериозна епителна ерозија, што е покажано во бројни клинички студии.
Вакцината против ротавирусот е ефикасна и безбедна, иако секој лек може да предизвика несакани ефекти.
Ретките ризици и контраиндикации вклучуваат: предиспозиција кон алергиски реакции: постои многу мал ризик од сериозна алергична реакција (анафилакса) на секоја вакцина. Затоа се советува да се поседи во амбулантата најмалку 15 минути по имунизацијата, во случај да е потребно ургентен третман.
До интусусцепција може да дојде (во ретки случаи) кај децата во првите три недели по добивањето на првата или втората доза на вакцината против ротавирусот. Ризикот е приближно шест дополнителни случаи на интусусцепција на секои 100.000 вакцинирани доенчиња.
Вакцината против Ротавирус е безбедна за најголем број од децата, навремено и предвремено родени, кои се испишани дома. Кај децата кои сеуште се згрижени во ОИНТ, безбедно е да се даде вакцина до возраст од 12 недели, со одржување на сите принципи на хигиена и спречување на ширење на вирусот преку отстранетите пелени после употребата. Нема забележано заболени деца од Ротавирус во ОИНТ после спроведена вакцинација кај дете-пациент во единицата (најчесто екстремно прематурните деца имаат подолг престој). Децата кои примиле крв/крвни деривати или друг препарат кој содржи антиген, безбедно е да се вакцинираат, но може да се очекува нешто понизок имун одговор на дадената доза. Децата кои се хоспитализирани во ОИНТ после примена Ротавирус вакцина претходните 2 недели, треба да се третираат со сите хигиенски процедури како и тие што се вакцинираат во самата ОИНТ до крајот на третата недела од приемот на вакцината. Децата кои живеат во средина со бремени жени и/или имунокомпромитирани лица, можат да ја примаат вакцината според календарот, со совети за правилно, хигиенско одлагање на нечистите пелени.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Elizabeta Zisovska
Date Deposited: 01 Apr 2021 06:42
Last Modified: 01 Apr 2021 06:42
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27969

Actions (login required)

View Item View Item