Детекција и застапеност на инфекции со Helicobacter pylori во адолесцентна возраст

Paneva, Tanja and Janikevik Ivanovska, Danijela (2018) Детекција и застапеност на инфекции со Helicobacter pylori во адолесцентна возраст. Medicus, информативен гласник на јавното здравство - Штип. ISSN 1857-5994

[thumbnail of Medikus spisanie 2018_BW.pdf]
Preview
Text
Medikus spisanie 2018_BW.pdf

Download (950kB) | Preview

Abstract

Пред откривањето на
Helicobacter pylori, како
причина за појавата на ул-
цери во желудникот и дуеодену-
мот се сметал хиперацидитетот во
желудникот, како и психолошките
фактори. Тие биле третирани со
лекови кои ја неутрализираат же-
лудечната киселина (антациди)
или пак ја блокираат нејзината
продукција (блокери на стомачна
киселина). Сe до откривањето на
оваа бактерија, во медицината по-
стоело убедување дека човечкиот
желудник е стерилен поради ја-
чината на киселината во него која
оневозможува бактериите да опс-
тојат подолг временски период.
Helicobacter pylori, претходно на-
речена Campylobacter pylori, ја
откриле австралиските научници
Barry Marshall и Robin Warren во
1982 година, за чие откритие до-
биле Нобелова награда во 2005
година. Во понатамошните ис-
тражувања најзаслужен е британ-
скиот научник Stewart Goodwin,
која ја поврзал оваа бактерија со
појавата на хроничен гастритис и
желудечен чир. Бактеријата е от-
криена многу поодамна, некаде во
1886 во седиментите од гастрични
лаважи кај луѓето, и изолираната
бактерија била со спирална форма.
Дури дваесет години подоцна, во
медицинската литература е прика-
жана бактерија во структурата на
париеталните жлездени клетки.
Во 1987 година во Копенхаген е
оформена Европска група за ис-
тражувања на хеликобактерот,
меѓународна интердисципли-
нарна група на истражувачи на-
сочени кон проучување на оваа
бактерија и состојбите поврзани
со неа, така што се постигнал го-
лем напредок во нејзиното изо-
лирање и лекување.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Danijela Janikevik
Date Deposited: 24 Feb 2021 07:45
Last Modified: 24 Feb 2021 07:45
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27857

Actions (login required)

View Item View Item