Политика на проширување на Европската Унија

Marolov, Dejan (2021) Политика на проширување на Европската Унија. In: Европска Унија: Право и Политики. Центар за анализа на право и политика.

[thumbnail of 1.pdf]
Preview
Text
1.pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

Политиката на проширување претставува една од суштествените политики од
зачетокот на европските интеграцски процеси па сè до денес. Тргнувајќи од фактот
дека Европа не може да се создаде одеднаш, односно не е можно сите држави да бидат
обединети во еден момент, токму политиката на проширување значеше етапно остварување
на оваа цел, нормално, низ подолг временски период. Од создавањето на првите европски
заедници во 1951 год. во Париз и 1957 год. во Рим од страна на 6-те држави-основачки,
а преку разните циклуси на проширување, денешната Европска Унија брои 28 држави-
членки. Имено, овде ќе говориме за политиката на проширување на Европската Унија од
четири аспекти. Првиот аспект се однесува на самиот процес на обединување во сооднос
со соодветните историски, политички и економски прилики, со цел да може да се разбере
идејата и основата на политиката на проширување. Вториот аспект ќе се се сконцентрира на
правната основа и на процесот на пристапување на нови членки во ЕУ. Низ третиот аспект
ќе бидат презентирани и анализирани сите досегашни циклуси на проширување со цел да
се извлечат одредени заклучоци за политиката на проширување, како и за нејзината иднина.
Последното пак е вовед во четвртиот и последен аспект од политиката на проширување,
каде ќе се разгледува моменталната ситуација со државите кандидатки, при што одреден
дел ќе биде посветен на Република Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ.

Item Type: Book Section
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dejan Marolov
Date Deposited: 24 Feb 2021 07:40
Last Modified: 24 Feb 2021 07:40
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27856

Actions (login required)

View Item View Item