Изработка на модел на паметен и безбеден дом со техники на вештачка интелигенција

Ivanov, Vlatko (2021) Изработка на модел на паметен и безбеден дом со техники на вештачка интелигенција. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of vlatko-ivanov-magisterska.pdf]
Preview
Text
vlatko-ivanov-magisterska.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Аспирација на човекот отсекогаш била да се олеснат секојдневните
обврски. Со напредокот на технологијата е овозможено нивно олеснување,
односно овозможена е автоматизација на нив. Во денешно време стануваат
популарни паметните домови со кои скоро може и да се заборават некогашните
секојдневни обврски во домот. Smart home, односно „Паметен дом“ претставува
систем кој вклучува повеќе аспекти од домот и овозможува далечинска контрола
преку мобилни или веб-апликации. Овде спаѓаат осветлувањето, греењето,
ладењето, домаќинските апарати, вентилацијата, системите за обезбедување и
сл. Овој систем донесува сигурност, комфор, но воедно и заштеда на енергија,
време и пари. Преку мобилни апликации или софтвери корисникот има
достапност во својот дом во секое време и од секое место.
Популарноста на автоматизирањето на домовите е во постојан пораст во
последниве години поради зголемената достапност, едноставност,
зголемувањето на квалитетот и комфорот на живот. Идејата за контролирање на
аспекти од нашите домови и можностите одредени елементи да реагираат
автоматски на настани, станува сè попопуларна и неопходна за безбедносни и
финансиски цели.
Затоа, апликациите за паметни домови играат сè поголема улога во
денешницата. Со брзиот развој на интернетот на нештата (IOT), паметниот дом
сè повеќе го привлекува вниманието на луѓето поради подобрувањето на
квалитетот на животот.
Со зголемениот економски развој се зголемува и животниот стандард.
Модерното општество бара безбедност, економичност и удобен живот кој е
идеален за секое семејство. Автоматизацијата на домовите претставува идеја
која ветува. Главна предност, освен зголемениот комфор и безбедност, е
порационалната употреба на енергијата и другите ресурси, што обезбедува значителна заштеда.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 17 Feb 2021 12:26
Last Modified: 17 Feb 2021 12:26
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27838

Actions (login required)

View Item View Item