Markovski, Velo (2018) Сексуално преносливи инфекции како голем глобален здравствен проблем. Македонски медицински преглед, 71 (98). pp. 97-99. ISSN 0025-1097
Preview |
Text
2018-VI Congress of Macedonian Microbiologists with internatinal participation_strana 239.pdf Download (4MB) | Preview |
Abstract
Повеќе од 30 различни бактерии, вируси и паразити предизвикуваат
сексуално преносливи инфекции, се пренесуваат преку сексуален
контакт, вклучувајќи вагинален, анален и орален секс. Осум од триесет
познати патогени сѐ со најголема инциденца. Од овие осум инфекции,
успешно можат да се лекуваат четири: сифилис, гонореја, хламидија
и трихомонијаза. Другите четири: хепатитис Б, херпес, ХИВ и ХПВ се
вирусни инфекции и како такви сѐ уште се неизлечиви, но може да се
ублажат или да се модулира нивниот тек.
СПИ сеуште се игнорирани иако се еден од најголемите проблеми на
98
СЕСИЈА 2
VI Конгрес на микробиолозите на Македонија Охрид, 30.5 - 2.6.2018 год.
јавното здравство, пратени со голем број на смртни случаеви и огромни
економски чинења. Според СЗО во последниве години само од четирите
излечиви болести во возраснта група која е сексуално најактивна (15-49
години) годишно има околу 400 милиони ново инфицирани: Chlamydia
trachomatis 132 милиони, Neisseria gonorrhoeae 85 милиони, syphilis 6
милиони, и Trichomoniasis vaginalis 141 милиони. Пандемијата со ХИВ
се стабилизира на околу 2 милиони новоинфицирани годишно, и исто
толку умрени пред воведувањето на антиретровирусната терапија.
Во 2015 година бројот на умрените е околу еден милион. Над 350
милиони во светот живеат со хронична хепатитис Б инфекција, и 1,5 до
2 милиони умрени секоја година. Повеќе од 290 милиони жени имаат
ХПВ инфекција, од нив 530 000 добиваат рак на грлото на матката, а
275 000 од рак на грлото на матката умират секоја година. Од 400-
500 милиони во светот живеат со ХСВ2 инфекција. Голем проблем
предствуваат резистенцијата на Neisseria gonorrhoeae, големиот
број на деца родени со конгенитален сифилис (300.000 умрени
со конгенитален сифилис и уште околу 215.000 со ризик за смрт
поради предвремено породување) и навременото дијагностицирање
на хламидија инфекциите. Во Република Македонија се најдобра
евиденција има за ХИВ инфицирните. Останати заболувања се чини се
следат со недоволно внимание. Од почетокот на пандемијата во 1987
до 2016 година вкупно се регистрирани 311 лица со ХИВ/СИДА (179
лица болни од СИДА и 131 ХИВ позитивни). Дистрибуцијата по пол
покажува дека 258 лица се од машки пол, а 53 лица се од женски пол.
Во овој период умрени се 83 лица од СИДА, а во 2016 година во РМ
227 живеат со ХИВ/СИДА. Во 2017 година има 39 новооткриени случаи
на ХИВ/СИДА. Во анализираната 2016 година во Републик Македонија
има регистрирано 133 инфицирани со хлмидија, 112 со хепатитис тип
Б, 4 случаи со гонореа и 4 случаи со сифилис. Најголем е бројот на
пријавени со шуга, 217 случаи. Во 2017 година има пријавено 4 случаи
со гонореа 4 случаи со сифилис и 137 случаи со хлмидија (99% кај
жени).
СЗО на својата сесија од 05.10.2015 ја донесе глобалната стратегија
за ХИВ, вирусен хепатитис и сексуално преносливи инфекции за
периодот од 2016-2021 (како континуитет на стратегијата за контрола
и намалување на СПИ 2009-2016 година). Како таргети за ХИВ
инфекцијата во овој 5 годишен период се поставени: намалување на
новоинифицирните на помалку од 500.000 годишно; помалку од 500.000
умрени годишно; нула новоинфицирани доенчиња; 90% тестирани;
90% од позитивните да бидат третирани; кај 90% од третираните да
има успех (вирусно потиснување). За ова се предвидуваат 20 милјарди
америкнски долари во 2016 година а за 2020 се предвидуваат 30
милјарди долари. Стратегијата за останатите СПИ ќе оди во насока на
намалување на ранливоста, ризикот и пренесување на СПИ; навремено
дијагностицирање и лекувње, следење н арезистенција на лекови. кко
посебни таргети до 2030 година се: 90% намалување на инциденцата
со T. pallidum во споредба со 2018 година; 90% намалување на
99
SESION 2
VI Congress of the Microbiologists of Macedonia Ohrid, 30.05 - 02.06.2018
инциденца со гонореа; помалку од 50 случаи со вроден сифилис
на 100.000 живородени деца во 80% од земјите; 80% покриеност со
вакцина против ХПВ кај адолесценти 9-13 години во 80% од држвите.
Заова во првите 5 години се предвидуваат 18 милијарди американски
долари.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Velo Markovski |
Date Deposited: | 17 Feb 2021 07:29 |
Last Modified: | 17 Feb 2021 07:29 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27820 |
Actions (login required)
View Item |