Markovski, Velo (2020) Интервју Д-р. Вело Марковски: Вакцина против вирус не се прави за една година. Portal Faktor, Portal Faktor Skopje.
Full text not available from this repository.Abstract
Некој што веќе се изборил со корона вирусот, не може повторно да биде позитивен, смета инфектологот Вело Марковски, кој во интервјуто за Фактор, својот став го темели на мислењето дека брзите ПЦР тестови за Ковид-19 не се најсоодветни. Според него, светот нема да ја добие посакуваната вакцина преку ноќ, бидејќи, како што вели, целиот процес има голем број фази. Нагласува дека очекувањата на луѓето дека многу скоро научниците ќе развијат вакцина, а особено поради наметнатото верување дека тоа е едиснтвен спас од пандемијата е многу поопасно од самиот вирус. Во оваа насока, професор Марковски потенцира дека доколку се развие вакцина пред пред 2022, тоа само ќе биде потврда на теориите на заговор дека со нејзиното производство е започнато пред да се појави болеста и пред да се прогласи пандемија со Ковид-19. За него, повеќе од очигледно е дека во светот постојат интереси пандемијата да потрае, бидејќи, како што појаснува, ако овој проблем беше оставен само на науката, за кус период ќе имаше разрешница.
Последните денови сведоци сме на случаи на повторна зараза и тоа во краток временски период кај граѓани кои претходно го прележале корона вирусот, дали е тоа случај и со останатите респораторни вируси и зошто ова се случува?
Д-р. Марковски: Не, тоа не е можно. Такво нешто не може научно и стручно да се објасни. Единствено како асоцијација ми иде вицот “зошто босанец го боли окото кога пие кафе“ – затоа што не го вадел лажичето од филџанот. Треба сериозно да се анализираат сите добиени резултати дали се во корелација со клиничката слика. При тоа, ова е уште еден доказ за многу пати изнесените ставови од мене, но и од многу други колеги дека ПЦР техниката не е најсоодветна за докажување инфекција и/или болест кога е во прашање која било горнореспираторна инфекција, во случајов КОВИД-19.
Дали вирусот еволуира, мутира во нови поттипови, па и развивањето на вакцината тече многу бавно?
Д-р. Марковски: Досега не е се опишани големи мутирања на некој инфективен агенс за краток период. Мутирањата на алфа корона вирусите досега не беа ни интересни за медицинската наука затоа што не даваа никакви последици. Појава на нови, мутирани бета корона вируси оди на неколку години (2002 година САРС ков-1, 2012 година МЕРС, 2019 година САРС ков-2). Ако го следиме грипот кој некако е најблиску до оваа сегашна пандемија со КОВИД-19, а и се користи како модел за предвидувања на следните движења на пандемијава, вообичаено е во една сезона да има појава на една варијанта на некој од поттиповите на вирусот на инфлуенца. При тоа таа варијанта успева да ги истисне сите други мутирани варијанти на вирусот на грипот и да опстане во циркулација меѓу луѓето целата сезона, а многу често и повеќе години.
Прашањето на вакцината е нешто друго, процедурата за производство на безбедна вакцина трае најмалку две години. Предходно треба да се изолира стабилен вирус, да се изанализира дали истиот вирус, пример САРС ков-2 вирусот е со истите генетски карактеристики во целиот свет, да се утврди кој дел од вирусот е носител на патогеноста, односно да се откријат патогенетските механизми и начинот на оштетување на организмот од страна на вирусот. Понатаму треба да сме сигурни дека истиот вирус ќе остане и за следната сезона за да евентуално има дејство вакцината. После тоа треба да се произведе успешна вакцина (за многу вируси со децении се пробува да се направи вакцина но, обидите се неуспешни, како што е примерот со ХИВ). Откако евентуално би се произвела добра вакцина треба да се направат бројни клинички студии за да се докаже дека таа вакцина предизвикува создавање на заштитни антитела во човековиот организам, како прво, а како второ дали дали тие антитела спречуваат инфекција од истиот вирус. И целата оваа процедура и кога би било се идеално и кога би се следеле сите овие чекори би траела со години. Затоа, очекувањето и нестрпливоста од страна на публиката (народот), а наметната како единствено решение кое треба час поскоро да се прифати за излез и од пандмеијата со КОВИД-19 е опасно. Многу опасно, стотици пати поопасно од самиот вирус КОВИД-19. Најавата за вакцини пред да поминат минимум две години сигурно е водена само од мотив за брза заработка, и ги потврдува теориите на заговор дека испитување и производство на вакцина е започнато пред да се појави болеста и пред да се прогласи пандемија со КОВИД-19.
Колку брзо може да настане влошување на клиничката слика кај пациенти кои имаат лесна форма на болеста и се лекуваат во домашни услови?
Д-р. Марковски: Многу брзо. Затоа е многу важно пациентите со леснаклиничка слика постојано да бидат под вистинска контрола од лекар. За жал се повеќе доаѓаат информации дека некои матични лекари не сакаат да ги прегледуваат пациентите. Не е мал бројот и на пациентити кои немаат доверба во здрваствениот систем и до крај седат дома. За жал многу од смртните случаи се поради прекасното носење на лекар.
На социјалните мрежи често читаме барања од страна на семејства кои имаат близок заболен и бараат да се донира крвна плазма, кои пациенти имаат приоритет да добијат крвна плазма?
Не сум убеден дека давањто на ваква плазма има значително влијание во оздравување од тешките и критични форми на КОВИД-19. Неопходни се издржани научни студии со вакви податоци.
И во нашиот претходен разговор споменавме дека според науката во време на високи температури, вирусот требаше да ја изгуби силата и бројот на новозаразени да почне да се намалува, зошто имаме дијаметрално различна слика?
Д-р. Марковски: Да, досега сите горнореспираторни причинители во летните месеци ја губат својата вирулентност и не се појавуваат во зголемен број. Опишани се поединечни спорадични случаи од некоја болест. Зошто со КОВИД -19 е поинаку останува да се анализира. Пред се дали секаде е така, според официјалните податоци од многу извори, во земјите во кои имаше високи температури во изминатиов период, бројот на нови позитивнии случаи е низок, следствено и бројот на болни, тешко болни и умрени. Ако сакаме да аналзираме што се случува кај нас, тогаш недостасуваат многу податоци, прво процентот на позитивни горе-доле е ист, па така апсолутниот број зависи од бројот на тестирани, колку повеќе тестирани, толку повеќе позитивни. Недостасува податокот колку од позитивните имаат симптоми. Загрижува високиот број на умрени од КОВИД-19. Тоа мора да се анализира, што се случува, може ли подобро да се менаџираат тешко болните, грешиме ли негде, или пак само кај нас вирусот е многу вирулентен и смртноста се должи на високата вирулентност. Намалување на смртноста до бројките кои средно во светот се движат околу 50 умрени на милион жители во многу ќе ја смири паниката меѓу луѓето.
Имаме ли доволно здравствени капацитети за да се носат со предизвикот наречен Ковид-19, веќе се споменува отворање и на други Ковид-центри како што е Институтот за белодробни заболувања во рамки на Клиниките „Мајка тереза“
Д-р. Марковски: Се чини дека е неопходно вклучување и на други државни капацитети во справување со пандмеијата со КОВИД-19. Но исто така се наметнува и како неопходно создавање на законска рамка и овозможување и вклучување на приватните болници во третманот на болните со КОВИД-19. Тоа може да даде друг пристап, друга концепција со која од една страна би се намалил притисокот на јавното здравство, а од друга страна би се намалила паниката меѓу луѓето поради можноста за избор на лекување, и намалување на стравот и неизвесноста дали при евентуална болест би имало место во државните институции.
Кога ќе заврши пандемијата?
Д-р. Марковски: Тогаш кога ќе сакаме, и со сите сили ќе се бориме да заврши пандемијава. Очигледно е дека во светот постојат интереси пандемијата да потрае. Кога навистина би се оставило исклучиво на науката да бара решение, верувам дека за краток период ќе се најде решение. Во време кога тие што знаат се маргинализирани (со стотина други ставови), кога јавноста лицитира кој колку може и знае, кога реферудумски треба да одлучиме кое е решението, само не води кон дното. За сите големи проблеми во медицината решение нашле поединци, или одредени научни институции. Во паника не може сигурно да се носат добри и исправни решенија. Оваа пандемија веќе ги има најголемите последици по економијата, човековите права, здравјето на луѓето, а сето тоа не е поради реалните жртви од самиот вирус, туку од паниката која се создаде.
Анита Буховски
Item Type: | Other |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Velo Markovski |
Date Deposited: | 15 Feb 2021 10:39 |
Last Modified: | 15 Feb 2021 10:39 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27792 |
Actions (login required)
View Item |