Медицинска масажа

Krstev, Toshe and Nikolovska, Lence and Vasileva, Dance and Stratorska, Tamara (2020) Медицинска масажа. ISBN 978-608-244-753-7.

[thumbnail of Medicinska masaza skripta.pdf]
Preview
Text
Medicinska masaza skripta.pdf

Download (5MB) | Preview

Abstract

Масажата е гранка на физикалната медицина од потесна област на мануелна терапија. Таа е стара колку и човечкиот вид, затоа што некои форми на масажа ги користел примитивниот човек. Со векови е развивана и рафинирана, така што модерната масажа има широк спектар на можности за употреба на механичка стимулација, со цел да има терапевтски ефект врз телесните ткива и органи. Таа е развиена во мноштво техники што се прават рачно и со апарати. Мануелните техники и формите на нерачна масажа се разликуваат во типот, ритамот и интензитетот на дејствување и затоа не е лесно да се комбинираат сите факти на терминот масажа во рамките на една единствена опција. Меѓутоа, ако се осмелиме да ја дефинираме општата дефиниција на оваа дисциплина, би можеле да заклучиме дека масажата е физиотерапевтски метод, кој се сведува на нанесување на дозирани механички дејства на телото преку различно избрани зафати кои се исполнуваат од терапевт или со помошта на специјални апарати со профилактична или терапевтска цел. За механичко дејство на кожата и подлабоките ткива, постојат повеќе можности, почнувајќи од класична рачна масажа и рефлексни техники, преку механички вибрации добиени со специјален апарат, масажа со воден млаз под притисок, па сè до ултразвучна масажа на длабоките ткива.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Tose Krstev
Date Deposited: 11 Feb 2021 08:10
Last Modified: 11 Feb 2021 08:10
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27755

Actions (login required)

View Item View Item