Морфологија на италијанскиот јазик 1

Koceva, Vesna and Negrievska, Nadica (2020) Морфологија на италијанскиот јазик 1. ISBN 978-608-244-725-4.

[thumbnail of Морфологија на италијанскиот јазик 1, скрипта.pdf]
Preview
Text
Морфологија на италијанскиот јазик 1, скрипта.pdf

Download (892kB) | Preview

Abstract

Ракописот со наслов Морфологија на италијанскиот јазик 1 ги опфаќа следните видови зборови во италијанскиот јазик: член, именка, придавка и заменка. Оваа скрипта, првенствено е наменета за студентите од групата по Италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип, конкретно, за предметот
Морфологија на италијанскиот јазик 1 којшто е предвиден во вториот семестар од студиите.
Првиот дел на ракописот е посветен на Членот во италијанскиот јазик. Во овој дел темелно се обработени определениот, неопределениот и партитивниот член во италијанскиот јазик. На крајот од ова поглавје, даден е детален преглед на употребата на членот со географски имиња, со сопствени именки, со именки од странско потекло, со сигли, како и употребата на членот пред присвојните придавки. Еден дел е посветен и на оние случаи во кои
се забележува испуштање на членот.
Во вториот дел е обработена Именката во италијанскиот јазик. На почетокот се разгледуваат именките од семантичка гледна точка. Потоа се дадени сите карактеристики и специфичности во однос на родот на именката, вклучувајќи ги различните начини на формирање на женски род кај именките. Понатаму во ова поглавје се дадени уште две
класификации на именките: врз основа на бројот, како и од формален аспект.
Третото поглавје се однесува на Придавката во италијанскиот јазик. Првиот дел е
посветен на квалитативните или описни придавки во италијанскиот јазик. На почетокот се опишуваат основните карактеристики на овие придавки: род, број, согласување со именката, местото на описната придавка, како и разните видови на описни придавки. Потоа детално се опишува степенувањето на квалитативните придавки, како една од карактеристиките која е својствена токму за овој тип на придавки. Вториот дел од ова поглавје е посветен на
определените придавки и овде детално се обработени сите видови на определени придавки во италијанскиот јазик: присвојни, показни, неопределени, прашални, извични и бројни придавки.
Последното поглавје ја опишува Заменката во италијанскиот јазик. Првиот дел е посветен на личните заменки, како едни од најчесто употребуваните заменки, потоа следат оние видови заменки кои како форми се идентични со соодветните придавки, а на крајот темелно се обработени и релативните или односните заменки.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Vesna Koceva
Date Deposited: 10 Feb 2021 09:03
Last Modified: 10 Feb 2021 09:03
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27741

Actions (login required)

View Item View Item