Gligorievski, Antonio (2015) Компјутеризирана томографија базични принципи и протоколи. Other. Antonio Gligorievski.
Preview |
Text
Korica spremna 1 - predna.pdf Download (1MB) | Preview |
Preview |
Text
CT KNIGA KONECNA - Kirilicna podrska 200 x 265 mm Konecna.pdf Download (73kB) | Preview |
Preview |
Text
Korica spremna 1 - zadna.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Книгата се состои од два дела, теортски дел и практичен дел, од 35 поглавја на вкупно 326 страници. Веднаш после воведот изнесени се основните физички принципи на рендгенските зраци, бидејки абсорпцијата на ртг. зраците е од особена важност за компјутризираната томографија (CT). Објаснета е конвенционалната, линеарна томографија како претходник на CT. Дадени се историските податоци во развојот на CT и првиот апарат за CT. Наведени се принципите за CT, започнувајки од геометријата на снопот, слабеењето на снопот, широчината на пресекот, детекторите на ртг. зраците, основните параметри и протокол на снимање. Објаснето е секвенционалното и спирално скенирање и добивање на слика со реконструкција и прикажана е градбата на новите повеќеслојни скенери. Објаснето е што претставува pixel, што е voxel, што претставува дензитетот и како се одредува. Објаснета е градбата на апаратот за CT. Изнесено е како се добиваат сигналите и обработката на податоците, како се добива CT слика, што е CT број, што е мрежа или матрикс на податоци, што е прозорец (windowing) и негово одредување на CT сликата. Објаснет е начинот на довбивање на CT слика, реконструкцијата со помош на пост процесинг. Прикажан е системот за CT и факторите од кои зависи квалитетот на CT сликата (шум, резолуција, контраст). Најчести артефакти на CT сликата и зошто се јавуваат. Прикажани се сите пет генерации на CT скенери и во што се состои разликата меѓу нив. Објаснети се основните принципи на работа со CT скенерот и користењето на тастатурата, глушецот, користење на работните прозорци и контролни кутии, како и картите со задачи, менија и алатки како дел од совтферскоот пакет кој го поседува секој CT скенер. Објаснет е протоколот на работа со CT скенерот од вклучување па се до исклучување на системот. Објаснет е потоколот за CT снимање на сите делови и органи од човечкото тело, индикациите за прегледот, како и предностите и недостатоците од прегледот. Изнесени се протоколите за преглед на секог дел од телото на човекот и параметрите на скенирањето кои се од особена важност за добивање на квалитетен преглед и кавлитетна CT слика. Сето тоа е пропратено со богата илустрација. На крајот е дадена најчестата CT терминологија и користената литература.
Item Type: | Monograph (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Antonio Gligorievski |
Date Deposited: | 10 Feb 2021 09:44 |
Last Modified: | 10 Feb 2021 09:44 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27685 |
Actions (login required)
View Item |