Vitanova-Ringaceva, Ana (2020) Собирачите на македонското народно творештво од Цепенков до денес (На 100-годишнината од смртта на Марко Цепенков). ФИЛКО - Зборник на трудови од Петта меѓународна научна конференција за филологија, култура и образование. ISSN 978-608-244-698-1
Preview |
Text
Собирачите на македонскато народно творештво од Цепенков до денес.pdf Download (3MB) | Preview |
Abstract
Собирачите на народното творештво биле и се насекаде каде човекот духовно опстојува(л), тука се за да го запишат она вредно усно кажување, кое пак постои откога постои мислата и зборот. Собирачот е всушност посредникот меѓу прастарата усна традиција и новата пишана форма на изразување. Тоа
посредство подразбира издигнување мост меѓу илјадници години старата традиција на духовниот опстанок на човекот и современието. Скоро секоја педа на која стапнал човекот и пуштил корен, чува нешто вредно, чува песна, сказна, предание, легенда, чува жива слика од минатото. Современата наука денес има увид во фазите на развој, во голема мера благодарение на огромниот и непроценлив труд на собирачите и материјалите што ги оставиле како плод на својата работа. Во времето на Преродбата (втората половина на XIX век),
македонските собирачи ја започнуваат својата мисија, да бидат будилници на македонската национална свест. Стожерот на таа мисионерска дејност е секако Марко Цепенков (1829-1920), од чија смрт годинава се навршуваат 100 години.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ana Ringaceva |
Date Deposited: | 08 Feb 2021 09:07 |
Last Modified: | 08 Feb 2021 09:07 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27640 |
Actions (login required)
View Item |