Vitanova-Ringaceva, Ana (2020) Семантичкиот поттекст на локалната сказна во сооднос со универзалниот модел на сказновидната матрица (врз примери од необјавената книга „Араптази – волшебни народни приказни од Струмица и Струмичко“ од Иван Котев). Македонски фолклор. ISSN 0542-2108
Preview |
Text
Семантичкиот поттекст на локалната сказна.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Фолклорот е највредното културно наследство што ни го оставиле нашите претходници во наследство. Неговото толкување и разгледување, па и компаративно расчленување е невозможно да се случи ако се разгледува само во границите на еден народ, на една држава. Научниот пристап подразбира, меѓу другото, и детекција и толкување на семантичкиот поттекст. Митолошката семантика е појдовната точка во толкувањето на сказната затоа што космичките закони за
устројството на човекот и на светот во сказната се прелеваат кон социјалното и кон индивидуално искуство. Тотем-митовите за чудесните животни, за бракот и искушенијата, за стекнување необични нешта, најчесто волшебни предмети, за
обредот на посветување, за патувањето во други светови и потрагата по лек за одредена болест, како и многу други мотивски конструкции, имаат свои реликти во сказната. Волшебните народни приказни се најколоритни, мотивски најбогати и најраскошни единици на фолклорот и тие се сметаат за највпечатлив вид усна проза. Регионот на Струмица и околината изобилува со фолклорна граѓа, особено со волшебни народни приказни, кои, по својата структура, мотивска конструкција и старост, се пресликуваат во универзалниот модел на светската сказна
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ana Ringaceva |
Date Deposited: | 08 Feb 2021 08:21 |
Last Modified: | 08 Feb 2021 08:21 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27639 |
Actions (login required)
View Item |