Започнување бизнис во Република Македонија - предизвици и состојби

Serafimova, Mimoza (2020) Започнување бизнис во Република Македонија - предизвици и состојби. Other. 2-ri Avgust, Shtip.

[thumbnail of Започнување бизнис во Република Македонија - предизвици и состојби.pdf]
Preview
Text
Започнување бизнис во Република Македонија - предизвици и состојби.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

ПРЕДГОВОР
Монографијата „ЗАПОЧНУВАЊЕТО БИЗНИС ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕДИЗВИЦИ И СОСТОЈБИ“ е систематски и логички подреден труд, напишана со јасен и разбирлив јазик. Ракописот методолошки е структуриран во седум глави, а во секоја од нив се разработени основните поставки, потребата и значењето на бизнисот во Република Македонија, поткрепени со истражувачки податоци и анализи од релевантни институции. Секоја глава започнува со кратко информативно појаснување за точките кои ја обработуваат главната тема понудена како глава. На крајот на ракописот, соодветно се нотирани библиографските единици кои се цитирани во текстот, а се однесуваат на монографски единици, периодични списанија, статии, извештаи и интернет страници. Оттука, трудот се состои од седумглави кои покриваат значајни теми кои авторот сметаат дека се од особено значење од оваа област за Република Македонија.
Првиот дел, насловен како “ВЛИЈАНИЕТО НА ДЕЛОВНОТО ОКРУЖУВАЊЕ ВРЗ УСЛОВИТЕ ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ БИЗНИС“ ги третира аспектите кои се однесуваат на пристапот колку е лесно или тешко локалниот претприемач да отвори и да води бизнис со мали и средни претпријатија кога ја исполнува соодветната законска легислатива. Од промените во регулативите кои влијаат во животниот циклус на бизнисот ја издвојува перспективата за започнување бизнис.
Вториот дел, „АНАЛИЗА НА РЕГУЛАТИВАТА ЗА ПАЗАРОТ НА ТРУД ВО МАКЕДОНИЈА“ ја разгледува состојбата на регулативата на пазарот на трудот која е поддржана од соодветната законска легислатива. Од промените во регулативите кои влијаат во животниот циклус на бизнисот авторот го издвојува регулирањето на вработувањето, посебно она што се однесува на областите на вработување, работното време и отпуштањето од работа.
Третиот дел, „ВЛИЈАНИЕТО НА БЛИЗИНАТА НА ГРАНИЦИТЕ И ПРОЦЕДУРИТЕ ВРЗ БИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА“ ја разгледува близината на границите од една страна, и времето и трошоците како административни процедури поврзани со логистичкиот процес на извоз и увоз на стоки, од друга страна. Се разгледуваат три групи на административни постапки, документирање на усогласеноста на процесот, граничната усогласеност и домашниот транспорт во рамките на севкупниот процес размената меѓу економиите. Сето тоа има за цел да го прикаже нивното влијание врз ефектуирањето на бизнис економијата во земјата.
Четвртиот дел, „ФАКТОРИ И ВЛИЈАНИЈА НА ПАЗАРИТЕ НА ТРУД ВО МАКЕДОНИЈА И РЕГИОНОТ - СОСТОЈБИ И АНАЛИЗИ“ ја идентификува и ја оценува релативната важност на одредени детерминанти на состојбата на пазарот на трудот во земјите од Западен Балкан, со цел да се дефинираат препораки за конкретни мерења на политиките за вработување, што може да придонесе за подобри перформанси и поголема ефикасност на пазарот на трудот. Акцентот е ставен на факторите што можат да се подобрат само со координирана имплементација на резиме на стратегии кои истовремено можат да влијаат на економскиот раст и развој,
Петтиот дел насловен како „НЕВРАБОТЕОСТА И МЛАДИТЕ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД“ го појаснува ризикот од невработеност кај младите кој е поголем отколку кај возрасните заради неколку различни причини, како што е недостаток на работно искуство, релативно кратко или нецелосно образование, поголема договорна нестабилност и помалку контакти за барање работа. Постои проблем на тежок премин од образованието во светот на работата заради неусогласување со вештини. Наведеното може да предизвика долгорочни негативни ефекти за младинската популација или индиректните трошоци за невработени лица.
Шестиот дел насловен како „ЖЕНИТЕ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД – СОСТОЈБАТА ВО МАКЕДОНИЈА“ зборува за влезот на жените на пазарот на трудот во зголемен опсег на професии и сектори и обезбедија високи позиции во некои компании и организации. Сепак, родовата нерамнотежа останува во однос на обемот и формата на вработување и во рамките на наградата за работата што ја завршуваат. На многу начини, организацијата на работното место и домашната поделба на трудот го задржуваат отпечатокот на машкото влијание. Трудот прави компаративна анализа со откривање на напредокот и предизвиците користејќи ги неодамнешните податоци од истражувањето и нуди специфични препораки со заклучок.
Седмиот дел насловен како „ПРЕТПРИЕМНИШТВО И ПРЕТПРИЕМНИЧКИ ВРЕДНОСТИ: ЕВАЛУАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА“ ги разработува главните наоди од истражувањето спроведено во насока на евалуација, идентификувајќи ги предизвиците што треба да се надминат за развој на претприемништво: ниско ниво на претприемачки дух и култура. Трудот има за цел да ја процени моменталната состојба помеѓу индикаторите за претприемачки намери и претприемачките активности преку перцепциите и ставовите како идентификување на деловните можности, деловните вештини и перцепцијата на бизнисот.
Монографијата претставува научен материјал со висок квалитет кој може да го користат студентите и сите кои работат на проблематика која е блиска со бизнисот и претприемништвото и нивните развојни аспекти. Монографијата, според содржината и начинот на разработката, е приказ на оригинално разработени теоретски аспекти и примери за начини за реализирање ефективен претприемнички процес и понудени аспекти во однос на природно географските карактеристики, вработеноста и предизвиците на новото време согледани низ призмата на бизнисот во Република Македонија и земјите од регионот. Воедно, покрај големиот број компаративни пристапи на третираните проблематики, направени терминолошки и просторно, овозможува постигнување на поголема ефикасност и ефективност и нудење на решенија за прашања со кои се сретнуваат идните менаџери кои своите стручни компетенции ги усовршуваат токму на студиските насоки на факултетот за Туризам и бизнис логистика. Научната и практичната цел на авторот е овој труд со исклучителна вредност да им овозможи на студентите да ги прошират своите знаења кои се однесуваат на современиот приод кон бизнисот и претприемништвото, кои во услови на општествени промени треба и мора брзо да се менуваат и прилагодуваат, со што ќе стекнат и сознанија за овие мошне значајни и исклучителни области во развојот на Република Македонија. Текстот на монографијата е стручно и стилски изедначен и едноставен за читање. Со прецизно и логичко изразување, со изразен методолошки пристап, авторите опфатиле и прикажале голем број прашања кои се релевантни за оваа широка и силно издиференцирана област на истражување.

Item Type: Monograph (Other)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Mimoza Serafimova
Date Deposited: 06 Feb 2021 08:15
Last Modified: 06 Feb 2021 08:15
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27636

Actions (login required)

View Item View Item