За поетиката на Пушкин (Кон поезијата и прозата)

Karanikolova-Cocorovska, Lusi (2020) За поетиката на Пушкин (Кон поезијата и прозата). Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Руски центар,Руски јазик, литература и култура: минато, сегашност и иднина 2, Зборник на трудови од II меѓународна конференција,одржана на 29, 30 септември-01 октомври, 2019 год. во Скопје. ISSN 978-9989-43-448-8

[thumbnail of Lusi trud Zbornik Ruski jazik UKIM.pdf]
Preview
Text
Lusi trud Zbornik Ruski jazik UKIM.pdf

Download (906kB) | Preview

Abstract

Оваа статија прави увид во поетиката на патријархот на руската литература и култура, Александар, Сергеевич Пушкин, преку прегледен пристап и анализа на неговата поезија и проза.
Имено, ќе се анализира дискурсот и семантичката тежина на трите негови песни : „Муза“, „Сеништа“ и „Монумент“, како и расказот „Госпоѓица-селанка“ од збирката раскази „Повестите на Белкин“ Нашиот интерес е насочен кон испитување на оние дискурсивни вредности (зборови, изрази, сентенци и наративни конструкции) во неговата поезија и проза кои го претставувуваат раскошниот талент, исклучителната животна енергија на поетот и творец Пушкин, едноставноста и леснотијата на неговиот исказ, заедно со литерарното значење што е имплицирано во нив. Ги одбираме токму овие негови дела, не случајно – сите тие се однесуваат на поетовото разбирање на уметноста, на процесот на творечкото создавање, на односот кон животот и светот.
Анализата на овие четири творби, ќе треба да ги покаже и исклучителниот јазик на Пушкин, неговиот однос кон народното и националното, како и универзалната и хуманистичката димензија на неговото творештво.
Клучни зборови: дискурс, национална литература и култура, универзална вредност, хуманизам.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Lusi Karanikolova
Date Deposited: 07 Feb 2021 13:19
Last Modified: 07 Feb 2021 13:19
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27624

Actions (login required)

View Item View Item