Последователна анализа на ефектите врз метална, електро, машинска и автомобилска индустрија од здравствено-економската кризата предизвикана од вирусот Covid-19

Lazarov, Darko (2020) Последователна анализа на ефектите врз метална, електро, машинска и автомобилска индустрија од здравствено-економската кризата предизвикана од вирусот Covid-19. In: Online Info-session for presentation of the the studies within the Platform for Public-Private Dialogue project, 18 Nov 2020, Online - Economic Chamber of Macedonia - Skopje. (Unpublished)

[thumbnail of Presentation 18.11.2020.pdf]
Preview
Text
Presentation 18.11.2020.pdf

Download (706kB) | Preview

Abstract

Кризата предизвикана од пандемијата со Covid-19 вирусот имаше сериозни негативни импликации врз металната, машинската, електро и автомобилската индустрија како исклучително заначајни сектори за македонската економија гледано од аспект на нивното учество во индустријата, БДП и извозот, но и од аспект на бројот на вработени, нивото на продуктивноста и висината на просечните плати. Всушност, овие индустриски гранки како извозно ориентирани сектори беа силно погодени од кризата во првите неколку месеци поради драстичното намалување на странската побарувачка, прекините на ланците на добавување, отежнатите транспортни и логистички услови, но истовреме и поради потешкотиите во организирање на производните процеси што се должеше на мерките и ограничувањата кои беа воведени во тој период. Имено, некои сектори забележаа пад на индустриското производство во првите два месеци од кризата (март и април) од 50-80% споредено со истиот период лани.
Сепак, после првиочниот шок и драстичен пад на производството и извозот во првите месеците од пандемијата, евидентно е постепно подобрување на состојбата во анализираните сектор, но сеуште со негативни стапки. Веќе во третиот квартал се забележува значително подобрување на производството и извозот споредено со вториот квартал, при што, во месец септември некои сектори како што се металниот, машинскиот и електро секторот веќе излегуваат целосно од кризата и бележат позитивни резултати. Слична е состојбата и со металопреаботувачкиот и автомобилскиот сектор кои се приближуваат на нивото на производство од минатата година.
Дали овој позитивен тренд ќе се задржи во последниот квартал од годината во голема мера зависи од состојбите со вирусот на глобално ниво. Сепак, она што е навистина позитивно е тоа што многу мал број на вработени во целиот изминат период беа отпуштени од работа што не беше случај со многу други сектори кои беа погодени од кризата. Очекувањата на компаниите за последниот квартал од годината и првата половина од 2021 година базирани на спроведеното анкетно истражувања се делумно оптимистички, но секако ќе зависат од разврската со пандемијата. Сепак, светската побарувача за овие сектори повторно се враќа назад, што значи дека македонските компании ќе бидат обезбедено со нарачки од своите странски партнери во наредните неколку месеци.
Во однос на мерките на владата, резултатите од направените интервјуа со претставниците на компаниите укажуваат на делумна поделеност во нивното мислење за тоа дали досегашните мерки беа доволни за справување со кризата, како и во делот на тоа дали истите биле користени од нивна страна. Како позитивни мерки кои се посочуваат се субвенционирање на платите, обезбедување на поволни кредитни линии, намалување на увозните давачки за некои производи и некои други мерки за зголемување на конкурентноста во услови на криза. Но она што се забележува и укажува од нивна страна е потребата од целосно спроведување на сите најавени мерки кои се во насока на поддршка на компаниите, особено извозно ориентираните компании.

Item Type: Conference or Workshop Item (Other)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Darko Lazarov
Date Deposited: 07 Feb 2021 13:18
Last Modified: 07 Feb 2021 13:18
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27623

Actions (login required)

View Item View Item