Андроцентричниот глас во драмата на Џон Озборн „Обѕрни се во гнев“

Kostova, Kristina and Pop Zarieva, Natalija and Donev, Dragan and Iliev, Krste and Krsteva, Marija (2019) Андроцентричниот глас во драмата на Џон Озборн „Обѕрни се во гнев“. Годишен зборник 2011 - Филолошки факултет, УГД - Штип, 10 (13). pp. 53-58. ISSN 1857-7059

[thumbnail of Androcentricniot glas vo deloto na Ozborn.pdf]
Preview
Text
Androcentricniot glas vo deloto na Ozborn.pdf

Download (5MB) | Preview

Abstract

Поимот „глас“ упатува на стојалиштето на авторот, но исто така и на
ставовите и случувањата кои се прикажани преку ликовите и текот на драмското
дејство. Во овој труд ќе се обидеме накратко да дадеме преглед на гласот на текстот на
драмата Обѕрни се во гнев на Џон Озборн. Притоа ќе биде анализирана
андроцентричната димензија на гласот на текстот, со детален опис на
андроцентричноста како литературен и општествен концепт во кој машките
перспективи и искуства се ставени на пиедестал, додека женските перспективи и
искуства се целосно игнорирани. Ќе бидат објаснети поимите „драма покрај кујнскиот
мијалник“, „гневни млади мажи“ и „порноглосија“. Ќе бидат презентирани неколку
извадоци од драмата кои ја потврдуваат андроцентричната природа на гласот на
текстот. Ќе се фокусираме на начините на прикажување на секојдневието и особено на
одвивањето на драмското дејство и неговата завршница во релација со гласот на
текстот.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Natalija Pop Zarieva
Date Deposited: 06 Feb 2021 08:29
Last Modified: 06 Feb 2021 08:29
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27597

Actions (login required)

View Item View Item