„Дракула“ на Брам Стокер: Суеверие или религија?

Pop Zarieva, Natalija and Iliev, Krste and Donev, Dragan (2019) „Дракула“ на Брам Стокер: Суеверие или религија? Годишен зборник на Филолошки факултет ‒ Штип, 10 (14). pp. 69-74. ISSN 1857-7059

[thumbnail of Дракула на Брам Стокер. Суеверие или религија.pdf]
Preview
Text
Дракула на Брам Стокер. Суеверие или религија.pdf

Download (450kB) | Preview

Abstract

Дракула е роман навидум поставен на идејата за религиска посветеност на главните ликови, но овој труд е базиран на премисата дека двете спротивставени категории религија и суеверие во делото често имаат тенденција да се слеат една со друга. Тематската линија на делото сумирана во една реченица може да се претстави како алегорија во зборовите на Џон Хенри Њуман „of the warfare between the city of God and the powers of darkness“. Ликовите се молат за помош на Семоќниот во нивната битка со демонските сили, се крстат и замавнуваат со крст. Критичкото мислење можеби има потреба од поголема афирмација на фактот дека ова е веројатно најрелигиски обоениот популарен роман на своето време. Од друга страна пак, делото изобилува со научни факти и модерни технолошки достигнувања, како што се телеграфи, диктафони и Кодак камери, што дава можност да се толкува како прокламација на религиозност среде секуларизираниот рационалистички доцен викторијански свет. Но, религискиот дидактизам во романот не е насочен кон недоверба на секуларната наука, туку напротив кон неговата спротивност – кон застрашувачката појава на суеверието симболично прикажано во вид на вампирска инвазија на Англија. Овој труд тврди дека христијанската религија во делото на Стокер е во заедничка битка со модерното време против атавистичките предрелигиозни влијанија – суеверието.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Natalija Pop Zarieva
Date Deposited: 07 Feb 2021 13:26
Last Modified: 07 Feb 2021 13:26
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27590

Actions (login required)

View Item View Item