Denkova, Jovanka (2020) Поетски палимпсест за потрагата низ астралното. Зенит - списание за наука, литература, култура и уметност (4-5). pp. 237-240. ISSN 2671-3217
Preview |
Text
zenit2020.pdf Download (604kB) | Preview |
Abstract
Поетскиот првенец на нашата истакната сограѓанка Соња Шијаков, насловен како „Биди ми јуни“, кој неодамна произлезе од нејзината творечка лабораторија, ни го открива нејзиниот творечки ангажман низ еден специфичен, а пред сè длабок интроспективен метафизички мелос.
Синтагмата „Биди ми јуни“ не е случаен избор на поетесата за наслов на овој поетски палимпсест. Тој укажува на една внатрешна симболичко-семантичка разноликост, во која поетесата суптилно ги маркира рефлексивно-интимистичките контури на својата поезија. Ако се обидеме да ја исцртаме најмаркантната линија на овој поетски тестамент, лесно ќе се увиди дека не е едноставно да се впушти човек во ваков тип на истражувачка поетско духовна авантура. Една од причините за тоа е што поетесата вешто ги избегнува конвенционалните поетски постапки, па ниту еден стих во оваа поезија не звучи разлеано или неконтролирано. Во неа интензивните чувства на жената се насетуваат, се чувствуваат, но со сигурност нема да сретнеме неконтролирани хистеризирања или патетика.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Jovanka Denkova |
Date Deposited: | 05 Feb 2021 08:59 |
Last Modified: | 05 Feb 2021 08:59 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27541 |
Actions (login required)
View Item |