Miloseva, Lence (2020) Методологија на систематски прегледен труд и мета анализа во медицинските и сродните науки. In: Докторска школа, Факултет за медицински науки, Универзитет„Гоце Делчев“, Штип, 14 Sept 2020, Virtual event. (Unpublished)
Preview |
Text
Doctoral workshop Neuroscience prof Miloseva Sept 2020.pdf Download (292kB) | Preview |
Abstract
Цел на медицината заснована на докази е да ги вклучи најдобрите научни информации со кои располагаме за да се применат во клиничката пракса. Разбирањето и интерпретирањето на научните докази вклучува разбирање на расположливите нивоа на докази, каде систематските прегледни трудови и мета-анализите на клиничките проби се на врвот на пирамидата на докази.
Самиот процес на рецензирање и преглед треба добро да се осмисли, планира и развие за да се редуцира биасот и да се елиминираат ирелевантните и со слаб квалитет студии. Чекорите во имплементирање на систематски прегледен труд кои беа практично прикажани за време на работилницата вклучуваат: а) прецизно и валидно формулирање на клиничкото прашање (PICO); б) развивање на протокол (критериуми на вклучување и исклучување); в) изведување на детално и широко пребарување низ литературата; г) скрининг на апстракти на студии идентификувани во пребарувањата и последователно и на селектираниот целосен текст (PRISMA). Во вториот дел од работилницата беа прикажани методологијата на мета анализи како квантитативен приод за систематско комбинирање на резултатите од претходните истражувања со цел донесување на заклучоци за телото на истражувањето.
Клучни зборови: методологија; систематски; прегледен труд; мета анализи
Item Type: | Conference or Workshop Item (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Lence Miloseva |
Date Deposited: | 05 Feb 2021 08:22 |
Last Modified: | 05 Feb 2021 08:22 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27523 |
Actions (login required)
View Item |