Секуларизацијата и сакрализацијата во современото oпштество

Koceva, Daniela (2020) Секуларизацијата и сакрализацијата во современото oпштество. Yearbook, Faculty of Educational Sciences. ISSN 1409-9187

[thumbnail of 3785-Article Text-6369-1-10-20201104 (1).pdf]
Preview
Text
3785-Article Text-6369-1-10-20201104 (1).pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Религијата многу векови била преовладувачки начин на мислење за светот кај самиот човек или популарната метафизика (како што кажал Шопенхауер). Религијата, и на повисок степен од развојот на човештвото, како што бил феудализмот, владеела со мислењето и чувствата на луѓето. Филозофијата и науката биле долго време, но можеле и да останат, слугинки на теологијата. Од вишата божествена реалност е изведен, не само природниот свет, туку и светот на човековите, морални и политички норми и односи.Бог е извор на моралните закони,набожјатаволја,оттукапочивалиавторитетотнасветовниотвладетел,кој долго време владеал по волјата на Бог, а многу подоцна и по волјата на народот. Ова суверено владеење на религијата, како начин на мислење и чувствување и влијаниетонацрквитенаопштественитеиполитичкиодноси,почнуваатдаслабеат од доцниот среден век. Постепено, почнува да се пробива световното гледиштена светот, како нужна поврзаност на реалните, овострани сили кои не оставаа место за оностраните. Природата, од почеток, почнува да добива своја онтолошка, естетска и морална вредност, како што некогаш имала во грчкото сфаќање, па духовното преорентирање во Европа на почетокот на новиот век, почнува да се врши под влијание на поновите откритија и обновите на античките сфаќања за светот и животот (хуманизмот иренесансата).Напоредно со рехабилитацијата на природата, тече и рехабилитацијата на човековиот разум, како еден извор на сознание и критериум за вистина. Според овој критериум, повеќето западни општества доживуваат секуларизација од крајот на 19век, аистиот, драматично е забрзано oд 60-тегодини на 20 век. Секуларизацијата е поочигледна на општествено, отколку на лично ниво. Важните општествени функции, што во западните општества некогаш ги извршувале црквите, постепено се намалувале зашто државата и световните организации ја презеле одговорноста за политиката, школството, социјалните грижи итн.И во културна смисла, христијанството не е веќе доминантна сила, бидејќие присилено да се натпреварува со алтернативните извори и системи на верување. Но, на личен план, религијата буди голема поврзаност. Иако религиозното однесување, како и одењето во црква, ослабеле, религиозноста и идентификацијата со религијата и натаму се силни.Освен што сведочи за слабеењето на религијата, крајот на 20 век е одбележан, со подем на нови,поиманентни и поцелосни форми на духовност, кои повеќе се во врска со негувањето на единствен субјективен живот, отколку со повикувањето на нормите дадени од Бога. Во таа смисла, секуларизацијата (на традиционалната религија) и сакрализацијата (на новите форми на духовност), се одвиваат истовремено.
Клучни зборови:секуларизација, сакрализација, современо општество, плурализам, интеркултурна размена

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Daniela Koceva
Date Deposited: 05 Feb 2021 08:21
Last Modified: 05 Feb 2021 08:21
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27520

Actions (login required)

View Item View Item