Економија на животна средина: правна рамка, инструменти, механизми и идни предизвици во Р.Македонија

Vrateovska Nikolovska, Dance and Rogleva, Aleksandra (2014) Економија на животна средина: правна рамка, инструменти, механизми и идни предизвици во Р.Македонија. In: International Student Conference of enviromental protection and related sciences applicable in enviromental protection, 14 Nov 2014, Novi Sad, Serbia. (Unpublished)

[thumbnail of Агенда - Environmental economics - legal framework.pdf]
Preview
Text
Агенда - Environmental economics - legal framework.pdf

Download (2MB) | Preview
[thumbnail of Економија на животна средина правна рамка, инструменти, механизми и идни предизвици во Р.Македонија.pdf]
Preview
Text
Економија на животна средина правна рамка, инструменти, механизми и идни предизвици во Р.Македонија.pdf

Download (766kB) | Preview

Abstract

Динамичниот и прогресивен развој на современата техника и технологија, целокупниот начин на современото живеење и неодржливоста на добар дел од ваквите дејности, продуцираат негативни екстерналии кои имаат потенцијал да го загрозат опстанокот на човештвото и на планетата. Токму затоа, повеќе од 20 години, економијата на животната средина базирана на постулатите на одржливиот раст и развој е во фокусот на вниманието и анализите на националните и меѓународните тела, научната фела, екологијата, индустријата, правото, економијата и воопшто на сите носители на општественото живеење. Cost-benefit анализите кои се однесуваат на утврдувањето, мерењето и валоризирањето на општествените трошоци и користи од спроведувањето на дадени проекти, програми, планови и политики и изнаоѓањето на модели,
механизми, мерки и инструменти кои истовремено нема да ги уназадат условите на животната средина и нема да ги жртвуваат социо-економските придобивки, претставуваaт силен предизвик за креаторите и имплементаторите на развојните политики на локално, на национално, но и на регионално и меѓународно ниво. Рамката за носење на ваквите одлуки се потпира на обезбедување на трипартитност помеѓу одржување на рамнотежата на потребите на животната средина, економско-развојните можности и потреби, како и општествените aспирации и цели и тоа преку бројни методи за процена на ризиците, процена на животниот циклус, процена на влијанието на животната средина, пoлитики за животната средина итн.
Во овој труд преку нормативниот, индуктивниот, дедуктивниот метод, методот на историска анализа и методот на компаративна анализа ќе се анализираат основните принципи на
економијата на животната средина и одржливиот развој и во таа смисла, ратификуваните меѓународни конвенции, институционално-правната регулатива и конкретните мерки и инструменти во случајот на Р.Македонија. Притоа ќе бидат нотирани детектираните недостатоци како и идните
предизвици за подобрување на состојбите во земјава во оваа сфера.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Aleksandra Rogleva
Date Deposited: 10 Feb 2021 08:43
Last Modified: 10 Feb 2021 08:43
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27491

Actions (login required)

View Item View Item