Употреба на хлорхексидин во реставративната стоматологија и ендодонција

Kovacevska, Ivona and Longurova, Natasa and Atanasova, Sandra and Toneva Stojmenova, Verica and Arsova, Natasa (2020) Употреба на хлорхексидин во реставративната стоматологија и ендодонција. [Project] (Submitted)

[thumbnail of Proekt Prof Ivona Kovacevska 2020.pdf]
Preview
Text
Proekt Prof Ivona Kovacevska 2020.pdf

Download (801kB) | Preview

Abstract

Во денешно време, кариесот и пародонталните заболувања се двете доминантни заболувања на усната шуплина, а забниот плак е главниот фактор што води кон нивниот развој и прогресија. Контролата на забниот плак, неговото акумулирање и развој претставува основа за борба против кариес и пародонтални заболувања. Иако механичкото отстранување на плакот игра најголема улога во борбата против кариесот, хемиските агенси неодамна добија значајна улога во надополнувањето на механичката контрола на плакот, бидејќи ефективноста на механичките методи зависи од мотивацијата и способноста на лицето да ги примени. Иако денес има многу антимикробни агенси, многу малку од нив покажуваат клиничка ефикасност, бидејќи многу од нив немаат способност да докажат или немаат ефективно дејство врз оралните микроорганизми.
Целта на ова истражување е да се наведат и обработат современите аспекти и клиничката ефикасност на антимкробните агенси како корисен додаток на оралната хигиена, да се направи генерална слика за тоа кои се најмногу употребуваат во источниот регион на република Северна Македонија, како и да се укаже на важноста на користење на антисептичките течности базирани на хлорхексидин како лакови и гелови кои се ефикасни во намалувањето на формирањето на нови лезии кај пациенти со висок микробиолошки ризик од развој на кариес. Како втора цел е поставено да се дефинира механизамот за антимкробното дејство на хлорхексидин, неговата употреба во превентивната и реставративна стоматологија, предностите и недостатоците во текот на ендодонтската терапија, како и да се даде осврт на неговите негативни особини и токсичност. Како посебни цели се поставени:
- Да се определи категоризација кои антисептични течности се користат како додаток на орална хигиена;
- Да се определи категоризација кои антимикробни агенси се користат за намалување на ризик од развој на кариес;
- Да се определи категоризација кои ириганси се користат во текот на ендодонтската терапија и колку често се користи хлорхексидинот како ириганс;
- Да се демонстрира ефикасноста на различните формулации на хлорхексидин и да се дадат упатства за употреба на хлорхексидин при контрола на плак и превенција од кариес;
- Да се дадат упатства за употреба на хлорхексидин во рестаративната стоматологија.
Хлорхексидин е со хидрофилни и хидрофобни својства што е златен стандард кога станува збор за антимикробни агенси во модерната стоматологија. За да се спречи кариес, хлорхексидин може да се администрира во различни форми или во комбинација со флуориди на хлорхексидин.

Item Type: Project
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Natasa Longurova
Date Deposited: 10 Feb 2021 08:51
Last Modified: 10 Feb 2021 08:51
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27431

Actions (login required)

View Item View Item